за

Електричниот влекач на Tesla на тестирање по патиштата во САД

tesla semi testiranje chp
tesla semi testiranje chp

Голема трка се води меѓу производителите на товарни возила околу воведувањето на електричниот погон и преземањето превласт во тоа подрачје. Калифорниската полиција неодамна запрела Tesla Semi со 34 тони товар и, како што обично бидува во САД, направи добра реклама за електричниот влекач.

Зошто ликовите во холивудските филмови секогаш користат компјутер на кого што свети лого во форма на гризнато јаболко и возат тешки СУВ? И зошто новите социјални мрежи толку често се спомнуваат во суперпопуларните ситкоми? Сето тоа е дел од најмоќната пропаганда во светот, таа за којашто повеќето „конзументи“ не стануваат свесни дека влијае врз нивното купувачко расположение и воопшто однесување.

Така се случи и сообраќајната полиција во Калифорнија да направи реклама за Tesla Semi. Електричниот влекач што ќе им прави друштво на Model S-3-X-Y, го привлекол вниманието на службениците, кои забележале тешки бетонски блокови натоварени на полуприколката. Производителот тестирал како погонската спрега се справува со тежина од 75.000 фунти, односно околу 34 тони.

Полицијата категорична: „Електричните камиони дефинитивно се иднината“

Нормално, полицајците од калифорниските автопатишта не пропуштија да направат фотографија со егзотичниот електричен камион и да ја објават на своите профили на социјалните мрежи. Следи и фактичката реклама, што вешто е „сокриена“ како таква. Во објавата на фејсбук, калифорниските полицајци се толку одушевени, што категорично наведуваат дека „електричните камиони дефинитивно се иднината.“ На тоа следи и „уште сега се радуваме да видиме уште повеќе камиони по патиштата.“

https://www.facebook.com/CHP.TruckeeScales/posts/2683646465013336

Tesla Semi беше претставен кон крајот на 2017 година, а почетокот на производството се најавуваше за годинава, но шефот Илон Маск во јуни соопшти дека стартот се одложува за крајот на следната година.

Производителите во Европа напредуваат повеќе, особено Daimler, кој веќе има отстапено неколку електрични камиони кај најголемите компании за логистика. За разликa од Tesla, рекламните активности тука не се толку обемни и не мора да бидат. Tesla Semi сепак влијае директно врз имиџот на електричните автомобили на компанијата.

https://www.instagram.com/p/ByvxPtJnVzE/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

reklama vw e-golf britanija

Реклама за Volkswagen во Британија забранета зашто мажите се мажи, а жените жени

bugatti centodieci

Bugatti Centodieci по цена на 8.000 метри квадратни