132
18 shares, 132 points

Илон Маск поставува нови амбициозни цели за својата компанија. Од 2020 година, по улиците ќе почнат да возат првите автопилотирани такси возила на Tesla.

Шефот на Tesla, Илон Маск, има сериозни планови со роботското такси. Тој синоќа објави дека по добивањето одобрение од властите, овој нов вид на услуга ќе биде достапен на најмалку една локација веќе во текот на следната година. Идејата за „Мрежата на Tesla“ потекнува уште од 2016 година и на сопствениците на електричните автомобили на Tesla им овозможува да ги понудат своите возила за користење како роботско такси, во времето кога тие самите не ги користат. Покрај тоа, калифорнискиот производител планира да создаде и сопствен возен парк, што ќе го нуди за користење како роботско такси и истиот ќе претставува дополнителен извор на заработка за компанијата.

Роботските такси возила на Tesla ќе користат само камери, без скапи ласерски радари

Како и обично, Маск има пооптимистички планови од повеќето негови колеги во врвот на автомобилските компании. Ford, на пример, планира да го пушти своето роботско такси во неколку градски подрачја од Мајами и Вашингтон во 2021 година. Waymo, како посестринска компанија на Google, пред неколку месеци започна со комерцијална такси служба со автономни возила, кои се достапни само за регистрираните корисници во предградие во градот Феникс, Аризона. Заради безбедност, сé уште има шофер зад воланот.

Постои разлика и во техниката. За ориентација во просторот, роботските возила на Tesla ќе користат единствено камери, што значи дека скапите ласерски радари стануваат непотребни. Во софтверот на роботските возила ќе се вчитуваат и фотографии од возилата кои веќе се по патиштата.

Tesla Model 3 најпродаван автомобил во Швајцарија во март

Fiat ќе плати стотици милиони евра на Tesla за „нула“ CO2

Tesla со камери против гребатори на автомобили

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *