за

Родстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената

Родстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената
Родстерот на Tesla „извозе“ милијарда милји – во вселената

Во светот постои еден автомобил што нема запрено точно две години. Тој досега има минато повеќе од една милијарда милји, односно 1,6 милијарда километри. За една секунда, тој автомобил минува по 20 километри. Како е можно? Може, доколку вмеша прсти Илон Маск.

Пред две години, техно-милијардерот и дефинитивно ѕвезда на денешницата го лансираше Tesla Roadster во орбитата на Марс. Од црвениот електричен двосед без покрив, тогаш уште се слушаше „Space Oddity“ од Дејвид Боуви.

Шефот на Tesla е воедно и шеф на приватната фирма за астронаутика SpaceX. Таа своевремено треба да ја тестира ракетата „Falcon Heavy“. Како пробен товар, на Илон Маск му беше сосем логично да го искористи сопствениот електричен двосед.

Лансирањето мина беспрекорно, исто како што беше беспрекорен и маркетиншкиот ефект. Целиот свет можеше неколку часови да ја следи во живо сликата што ја испраќаше Tesla Roadster. Тие сцени уште може да се најдат на интернет. Камерите веќе не работат, но затоа „Стармен“ во август првпат ја комплетираше елипсата меѓу Марс и Земјата околу сонцето.

Tesla Roadster моментно е во распадната состојба и под постојана опасност од метеорити

Според страницата Whereisroadster.com, родстерот моментно е поблиску до Марс, отколку до Земјата, од којашто е оддалечен повеќе од 340 милиони километри. Но, прашање е дали „Старменот“ воопшто постои по две години во вселената. Автомобилот е изложен на екстремно зрачење.

Експертите ценат дека органските материјали, како кожа, гума, платно и боја, веќе одамна се минато. Според нивните процени, овие материјали не би издржале ниту една година. Тоа што може да е останато од стариот спортски автомобил на Илон Маск е алуминиумската рамка. Таа, пак, се наоѓа во постојана опасност да биде погодена од метеорити.

Како изгледа првиот автомобил во вселената по две години, засега може само да се претпоставува. Научниците веруваат дека автомобилот ќе се врати на Земјата. Тоа би можело да се случи за неколку милиони години.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

забрана пушење автомобил белгија

Белгија ќе забрани пушење во автомобилите

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco

Електричниот Nikola TRE ќе се произведува во Iveco