за

Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари

tesla proizvodstvo

Tesla во последното тримесечје од ланската година забележала минус од 550 милиони долари. Тоа не ги колеба акционерите во компанијата, а уште помалку шефот Елон Маск.

Техно-милијардерот Елон Маск прво се вивна до ѕвездите со неговата фирма за вселенски летови SpaceX и со успешното лансирање на ракетата Falcon Heavy, а само еден ден подоцна следеше тешко „приземјување“, откако беа објавени деловните резултати на неговата компанија за електрични автомобили Tesla.

Астрономските загуби коишто ги предизвика новиот модел од средната класа Model 3 доведоа до тоа Tesla да го забележи најлошиот квартал во својата историја. Шефот Маск го задржува оптимизмот и ветува дека 2018 година ќе биде голема година за компанијата. Оптимизмот се однесува на профитабилноста. Откако беше основана во 2003 година, фирмата уште нема остварено добивка.

Во последното тримесечје преклани, Tesla имала загуба од “само” 121 милиони долари

Во споредба со истиот период лани, загубата на Tesla се зголемила од 121 на 675 милиони долари, односно на 550 милиони евра. Тоа е најголемата загуба за период од три месеци досега. Пазарните аналитичари очекуваа уште полоши резултати. Но, зголемувањето на прометот за 44 проценти, на 3,3 милијарди долари, малку ја ублажи деловната катастрофа.

Објавените резултати прво ги израдуваа инвеститорите, откако акциите на еден момент пораснаа за три проценти, но брзо потоа им се изгуби добивката. Вредноста на акциите е зголемена за седум проценти од почетокот на годинава. Берзанската вредност на Tesla моментно изнесува 58 милијарди долари, само малку под General Motors.

Продукција од 5.000 возила неделно дури налето

Маск и натаму ветува неделна продукција од 5.000 примероци од проблематичниот Model 3, но таа ќе се достигне дури кон крајот на вториот квартал. До крајот на март се очекува да се произведат 2.500 примероци од електричната лимузина од 35.000 долари.

Во периодот од октомври до декември лани, Tesla испорачала само 1.542 примероци од Model 3. Вклучувајќи ги скапите Model S и Model X, испораките на калифорнискиот електро-специјалист достигнале 29.967 возила.

Компанијата во следниот период ќе побара уште пари од инвеститорите. Освен за производството на автомобили и батерии, тие се потребни за новите салони и сервисни центри на марката, како и за нови полначи за струја.

Астронаути ги исмеваат марсовските амбиции на Елон Маск

Tesla Model X распаднат по тестирањето од Mercedes

Протераниот основач на Tesla го возвраќа ударот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

еспресо во автомобил

Ура, автомобилот ми свари кафе!

opel combo

Opel Combo како премаскирана верзија на Citroen Berlingo