за

Tesla е побрза 20 секунди од Porsche Taycan на Нирбургринг

Tesla е побрза 20 секунди од Porsche Taycan на Нирбургринг
Tesla е побрза 20 секунди од Porsche Taycan на Нирбургринг

Porsche Taycan е гордост на концернот Volkswagen и на германската автомобилска индустрија. Спортскиот автомобил на струја неодамна постави рекорд на Нирбургринг. Тоа се покажа како предизвик за вечниот револуционер Илон Маск. Со неколку дотерувања, Tesla Model S е побрза на тркачката патека од германскиот автомобил.

Електричната лимузина Porsche Taycan го мина Нордшлајфе на Нирбургринг за 7 минути и 42 секунди. Батерискиот пулен на спортската марка постави рекорд во својата класа уште пред почетокот на продажбата. Претстојниов викенд, во сабота, работите може да се сменат. Tesla ќе лови нов рекорд на прочуената тркачка патека, во „Зелениот пекол“.

Магазинот „auto motor und sport“ присуствуваше на пробните возења на Tesla Model S на Нордшлајфе (во превод Северен јазол) и гледа мали шанси за Taycan да го одбрани рекордот. Tesla Model S уште при пробните возења постигнува побрзо време од Taucan. Според магазинот, рачното мерење покажало време од 7 минути и 23 секунди. Тоа значи дека калифорнискиот класичар на сцената е за најмалку дваесетина секунди побрз од Porsche. Во сабота е закажано официјално возење за нов рекорд.

Возилото за уривање рекорди не е 100% стандардно, но ако успее, пак нема да се зборува дека Tesla Model S била нестандардна, туку дека го победила Porsche Taycan

Tesla Model S има преправки во подвозјето и аеродинамиката, а се претпоставува и дека возилото е олеснето. На промените укажува и ознаката 100 D Plus назад. Не е исклучено дека и електромоторите се посилни. Но, тоа не менува многу во овој случај. Доколку Model S навистина извози побрзо, тоа пак ќе фрли дамка врз Porsche. Сепак се поминати седум години од првото појавување на Tesla Model S на пазарот. Од друга страна, Model S не е ниту спортски автомобил, ниту е класична лимузина.

Илон Маск, вообичаено преку својот профил на твитер, најави нов погонски режим со име Plaid. Топ-верзиите на идните модели на Tesla ќе располагаат со три, место со два мотори. На задната оска ќе работат два електромотори, за да се постигне уште подобра динамика. Tesla Roadster, кој е најавен за следната година, исто така ќе поседува три електромотори.

Американците подготвија и шега за својот конкурент од Штутгарт. Tesla располага со интернет-адресата www.taycant.com, што е замислено како кратенка од Taycan и can’t. Смислата е сосем јасна. Доколку се внесе оваа адреса во пребарувачот, таа пренасочува кон вебстраницата на Tesla.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електромобилност настан септември

Електромобилност: Македонски компании и институции градат имиџ врз погонот на струја

со верна полни и секогаш добиј извлекување макпетрол септември

Макпетрол денес доделуваше награди четирицикл Honda и лаптоп Dell