за

Илон Маск го продолжи производството и покрај забраната

tesla priemno oddelenie

Фабриката на Tesla во Калифорнија повторно произведува електрични автомобили и покрај забраната, поради корона-кризата. Тој е подготвен да оди и во затвор.

Пионерот на електричниот погон и шеф на Tesla, Илон Маск, го врати производството во главната фабрика на компанијата во Калифорнија и покрај ограничувањата поради пандемијата. Мултимилијардерот е подготвен за тоа да му биде изречена и затворска казна. „Нé радува што се враќаме во работа, откако воведовме мошне детални планови, за да овозможиме безбедно враќање на работните места“, се наведува во е-пораката од управата на концернот од 11-ти мај.

Маск се повикува на одредбата од калифорнискиот гувернер од 7-ми мај, со којашто на производителите им се дозволува да продолжат со работа. Тој најави дека се прекинува принудниот одмор за вработените и им се овозможува продолжување на работата. Според локалните медиуми, паркиралиштето пред фабриката на Tesla било полно уште пред најавата.

На својот профил на твитер, Илон Маск напиша дека ќе им се приклучи на вработените на подвижната лента. „Доколку има приведување, молам да бидам приведен само јас.“ Оваа реакција следи по препирката со локалните власти во Аламеда, кадешто се наоѓа фабриката. Оттаму објаснија дека Tesla не смее да продолжи со работа, затоа што уште се на сила ограничувањата поради корона-вирусот. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, претходно најави дека ќе се дозволи отворање на фабриките во оваа американска сојузна држава. Но, локалните власти во Аламеда сами решија „затворањето“ да продолжи до крајот на мај 2020, со исклучок на неопходната продукција.

Локалните власти дозволија само „минимални, суштински основно процеси“ во фабриката на Tesla

Од општината испратија соопштение до Tesla на 11-ти мај, дека во фабриката се дозволуваат само „минимални, суштински основни процеси“, до донесувањето на план за спроведувањето на безбедносните мерки против ширењето на вирусот. На 9-ти мај, Маск најави дека ќе поднесе тужба против општината Аламеда, поради прекршување на одредбата од гувернерот. Шефот на Tesla се закани и со преселбва на седиштето на компанијата од Калифорнија.

Од Фремонт и натаму потекнува најголемата продукција на Tesla, додека во втората фабрика на компанијата во Кина уште се работи на зголемување на продукцијата. Во подготовка е изградба на фабрика во Германија, во близина на Берлин, којашто треба да започне со производство в година.

Илон ќе го пресели седиштето на Tesla, властите го попречувале

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Хибридите бестселери меѓу алтернативците, дизелот само 30% удел

Во фабриките на Skoda не знаат за отпад

Во фабриките на Skoda не знаат за отпад