за

Tesla со рекордна продажба, акциите пак паѓаат

Tesla забележа нов рекорден број на испорачани возила за едно тромесечје, но инвеститорите пак не се задоволни со резултатот. Сите се надеваа на уште подобри резултати.

Американскиот производител на електрични возила Tesla постигна нов рекорд за број на испорачани возила за едно тромесечје, но очекувањата беа дека ќе се постигне многу повеќе. Во третиот квартал, компанијата испорача 97.000 возила. Тоа е нов рекорд за производителот, но зголемувањето изнесува само два проценти во споредба со претходниот квартал. Шефот Илон Маск очекуваше дека ќе се испорачаат најмалку 110.000 возила.

Техно-милијардерот пред извесно време испрати порака до своите вработени, дека постои можност првпат да се испорачаат повеќе од 100.000 возила во еден квартал. Американските медиуми масовно ја објавија содржината на писмото. Но, ништо од големите очекувања.

Акционерите исто така не беа особено одушевени од резултатот. Вредноста на акциите последувателно опадна за близу шест проценти. Најголемиот дел од испорачаните возила отпаѓа на Model 3, на хит-моделот на калифорнискиот специјалист, со 79.600 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi outlander phev Најпродавани плагин-хибриди

Топ 5 Најпродавани плагин-хибриди во Европа во август

избор на автомобил на годината Motor Awards

Џереми Кларксон и „Сандеј Тајмс“ избираа автомобили на годината