173
23 shares, 173 points

Шест карго авиони натоварени со роботи и машини ја отселија фабриката за батерии на Tesla од Германија. Со овој невообичаен чекор за браншата, калифорнискиот производител на електрични автомобили ќе ја забрза продукцијата на батерии за Tesla Model 3

Преселувањето цели фабрики е невообичаен потфат во автомобилската индустрија, но кога станува збор за Tesla, ништо не смее да изненади. Шефот Илон Маск се реши на овој скап и комплициран чекор, откако акциите на компанијата забележаа остар пад. Продукцијата на Tesla Model 3, на чијашто испорака чекаат преку 400.000 возачи, и натаму заостанува зад плановите.

Многу пречки за издигнувањето на Tesla во еден од главните креатори на новите правила на игра во браншата

Од компанијата нема официјална потврда за големиот транспорт во минатата недела. Доколку со преселувањето на фабриката за батерии од Германија се надмине проблемот во производството на Model 3, ништо повеќе не го попречува напредувањето на Tesla во големосериски производител и еден од главните креатори на правилата на игра во браншата.

Роботите и машините припаѓаат на Grohmann, германска компанија којашто Tesla ја купи пред две години. Нема потврда колку време ќе трае поставувањето и ускладувањето на производствените постројки во гигафабриката за батерии во Невада. Според Маск, продукцијата на Tesla Model 3 и без додавањето на новата производствена линија ќе ја достигне планираната продукција од 5.000 примероци неделно во текот на следниот месец.

Прашање е колку време ќе биде потребно за рекалибрација на новите роботи во Невада

Останува неизвесноста околу постигнувањето на планираната продукција, затоа што новопоставените роботи во Невада мора да се прекалибрираат, со цел да се постигнат минимални толеранции во квалитетот на изработка. Само за претстава, температурата и влажноста на воздухот исто така играат клучна улога при калибрирањето. Оваа процедура одзеде повеќе време од планираното, при стартот на производството на Model 3 во минатиот јули.

Производството во гигафабриката за батерии е поделено на четири зони, од коишто две се проблематични. Тоа се подрачјата коишто им се препуштени на договорните партнери и во коишто се врши завршната монтажа на сложените батериски модули.

Маск во ноември објави дека германскиот партнер Grohmann работи на изнаоѓањето решение за проблемот, односно на правилно организирање на производствениот процес. Според внатрешни извори, голем дел од проблемите произлегуваат од пропустите во администрацијата, коишто непотребно го комплицираат системот.

Со преселувањето на погоните на Grohmann во Невада, отпаѓаат повеќето договорни партнери, а со тоа и пречките во постигнувањето на планираната продукција за Tesla Model 3.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

173
23 shares, 173 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730