за

Полициска Tesla ја прекина потерата: Батеријата се потроши

tesla model s полиција фремонт калифорнија

Калифорниската полиција мораше да ја прекине потерата по сомнително лице, поради тоа што на полицискиот автомобил Tesla Model S му се потроши батеријата. Понатаму презедоа колегите, но и тие не успеаја.

Американската сојузна држава Калифорнија е пример за заштитата на животната средина. Полицијата во Фремонт извесно време тестира како електричните автомобили ќе се покажат во служба како полициски возила. Еден од овие автомобили што не ѝ наштетуваат на животната средина, сепак не помогна да се сопре бегството на сомнително лице. Додека полицискиот службеник со Tesla Model S го гонел можниот прекршител, батеријата во возилото се испразнила речиси целосно. Потерата морало да се прекине.

Според локалните медиуми, полицаецот се впуштил во потера по возилото, по прекршокот што се случил околу 23 часот во Санта Класа. По извесно време, преку радио врската тој пријавил во станица дека батеријата има енергија за уште девет километри. Потерата понатаму ја продолжиле неговите колеги – со автомобили со обичен погон. Тие успеале да го пронајдат возилото, но не и можниот прекршител, од кого не останала трага.

Полицајците од претходната смена пропуштиле да ја наполнат батеријата за смената по нив

Во изјавата на полицаецот за познатиот канал NBC, тој посочил дека батеријата на Tesla не била наполнета целосно пред неговата смена. Случајот сепак не ја урива довербата на полицијата во тоа дека автомобилите на Tesla се соодветни за патролирање. Претходните возења со Model S минало успешно.

Проблемот е повеќе во неодговорноста на службениците. Возилата со погон на струја се наоѓаат на шестмесечно тестирање кај полицијата и поради тоа нема донесено правило дека истите мора да се предадат на следната смена со целосно наполнета батерија.

Полначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

светски ден на автогас

Утре е меѓународен ден на погонот со автогас

Австралија има систем против користење мобилен во возење

Австралија има систем против користење мобилен во возење