за

Илон Маск ќе ја приватизира Tesla за 420 долари по акција

tesla priemno oddelenie

Илон Маск не престанува да изненадува. Мултимилијардерот и шеф на Tesla објави на твитер дека планира да ја повлече компанијата од берзата. Една акција ќе се нуди за 420 долари, финансирањето е веќе обезбедено.

Плановите за приватизација беа тема во циркуларното е-писмо што Илон Маск го испрати до соработниците во Tesla и коешто беше објавено и на блогот на електро специјалистот. Во писмото се наведува дека уште не е донесено конечно решение, но дека тоа е „најдобриот начин да се продолжи со напредокот.“

Маск пишува во писмото дека „компанијата се наоѓа под неконтролирани потреси поради промените на вредноста на акциите, и истите им го одвлекуваат вниманието на соработниците на Tesla, коишто се акционери во компанијата.“ Голем бил и притисокот од обврската за објавување на кварталните деловни резултати на секои три месеци. Според Маск, најдобро за фирмата е „да остане посветена на својата долгорочна мисија и да не се трпат перверзните провокации од луѓето кои се обидуваат да ги загрозат поставените планови.“

Илон Маск никого не присилува да ги продава акциите, туку очекува акционерите да останат како приватни инвеститори во Tesla

Tesla се најде под силен притисок поради одолговлечувањето на проблемите во производството на Tesla Model 3. Акциите на Tesla пораснаа по објавувањето на плановите за приватизација. Нормално е што плановите предизвикаа огромен интерес, затоа што Маск стави на маса цена од 420 долари по акција, што е 10 проценти над вредноста.

Шефот на Tesla сепак мора прво да докаже дека има обезбедено финансии, затоа што во спротивно ќе се изложи на големи правни ризици. Постои неизвесност и околу тоа, дали берзанскиот надзор ќе ги дозволи необичните тактики на Илон Маск, кога тој преку твитер, за време на официјалното тргување објавува информации коишто можат да влијаат врз курсот на акциите.

Постои „дебела“ причина за тоа што берзата реагира бурно на плановите за Tesla. Приватизацијата на специјалистот за електрични автомобили е преголем залак. Цена од 420 долари по акција значи дека вкупната вредност би изнесувала 82 милијарди долари. Досега се нема случено толку вредна компанија да биде повлечена од берзата.

Илон Маск сепак посочи јасно дека никој нема да биде присилен да ги продаде акциите. Техно-мултимилијардерот очекува најголемиот дел од сопствениците на акции да останат како приватни инвеститори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat Punto 1993

Fiat Punto си замина од производствените ленти

трамп против штедливите автомобили

Трамп цени дека штедливите автомобили се штетни по здравјето