за

Никој не се сомневаше: Tesla е најголем производител на електрични автомобили

Tesla е најголем производител на електрични автомобили
Tesla е најголем производител на електрични автомобили

Пред неколку години електричните автомобили на американскиот производител Tesla уште беа вистинска реткост. Калифорниската компанија во меѓувреме прерасна во најголем производител на електрични автомобили во светот.

До пред неколку години, бројни експерти не веруваа дека Tesla ќе опстане на автомобилскиот пазар со својата ограничена понуда од модели. Но, компанијата во меѓувреме успеа да постигне повисока продажба од кинескиот BYD. Во продажбата на азискиот производител се вклучени и плагин-хибридните автомобили.

Американскиот експерт Кевин Рук има точна и веродостојна статистика, колку возила имаат испорачано двете компании во изминатите неколку години. Tesla до октомври годиниава испорачала 807.954 електрични возила на светскиот пазар. Наспроти тоа, кинескиот производител BYD достигнал вкупно 787.150 испораки на своите возила, но вклучувајќи ги и моделите со плагин-хибриден погон.

Соперништвото меѓу Tesla и BYD трае уште од масивната инвестиција на Бафет во кинеската компанија

Соперништвото меѓу двата производители што се борат за светскиот електро-врв трае веќе неколку години. Американскиот инвеститор Ворен Бафет своевремено инвестираше во кинескиот концерн. На прашање во едно интервју, околу неговото мислење за инвестицијата на Бафет во Кина, Илон Маск тогаш само кусо се насмеа. По масивното вложување, кинескиот производител постигна драстичен раст во производството, додека Tesla уште работеше на проширување на својата понуда од модели.

BYD произведува и камиони и автобуси со електричен погон, а воедно и батериите ги произведува самостојно. Но, компанијата е ориентирана првенствено на домашниот пазар, и штотуку почнува да го развива бизнисот во светски рамки. Наспроти тоа, Tesla е достапна на сите поголеми пазари и нуди технички напредни возила со поголем досег од конкуренцијата.

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
kia ново лого

Kia подготвува ново лого и личи на кирилично „КИ“

xpeng p7

Производителот на телефони Xiaomi вложува во електрични автомобили