Tesla ќе произведува поевтина изведба од својот најдостапен автомобил, Tesla Model 3. Калифорнискиот производител најави моделска изведба со помал капацитет на батеријата, а поради тоа и со пониска цена. Model 3 досега беше достапен исклучиво во изведба со батерија со капацитет за 310 милји, односно близу 500 километри.
Новата моделска варијанта ќе постигнува досег до 260 милји или околу 420 километри. Нејзината цена ќе изнесува најмалку 45.000 долари на пазарот во САД. Врвната моделска изведба на Model 3, со два електромотора, погон на сите тркала и поголем капацитет на батерија, поскапе и моментно стартува од 54.000 долари.
Електро-пионерот најави уште една верзија, со уште понизок капацитет на батеријата, чијашто цена би изнесувала 35.000 долари. Tesla не посочува датум кога би започнала продажбата на најевтината верзија на Model 3. Компаниите обично го стартуваат производството на моделите во нивните најскапи варијанти, заради побрзо враќање на инвестицијата во развојот и во производството.
Tesla дистрибуираше Софтвер 9.0 во своите автомобили
Tesla продаде 200.000 автомобили во САД
Планот е исполнет: Неделно по 5.000 примероци од Tesla Model 3