за

Tesla Model S го извозе Нирбургринг за 7:13 минути и си замина

Tesla-Model-S-auto motor und sport
Tesla-Model-S-auto motor und sport

Германскиот магазин auto motor und sport ја објаснува заднината на тестирањата на Tesla Model S на Нирбургринг. Американците всушност го тестираат новиот топ-погон со 800 КС и три електромотори. Но, присуството на Tesla на најпредизвикувачката тркачка патека не мина незабележано.

Tesla во минативе неколку недели вршеше обемни тестирања во обид да постави нов рекорд на тркачката патека Нирбургринг. Специјалната изведба на Tesla Model S со варијанта на погон P100D+ Plaid требаше уште кон крајот на минатиот месец да му покаже на новиот Porsche Taycan кој е најбрз на германската патека. Неговото време беше 7:42 минути.

Тимот за тестирање од американскиот производител Tesla си замина буквално преку ноќ, но нивното присуство не остана незабележано. Како што пишува германскиот магазин auto motor und sport, нивниот „контакт“ директно на тркачката патека, рачно измерил 7:13 минути за Model S. Тоа се десетина секунди помалку отколку во минатите недели. Сепак станува збор за неофицијални мерења.

Новото време го постави тркачот Томас Муч, добар познавач на „Нордшлајфе“, возејќи го синиот прототип на Tesla Model S на патеката. Неговиот колега Андреас Симонсен, пред неколку денови излета и ја оштети црвената Tesla Model S.

Синиот прототип се возеше уште при пристигањето на Tesla во Нирбургринг. Автомобилот има голем дифузор, мал заден спојлер и преработен преден браник, како и проширени крила, што укажува дека е зголемена и трагата. Гумите се Goodyear Eagle F1 Supersport RS.

Двата прототипи на патеката возеа со таканаречениот Plaid-погон, кој стои зад ознаката P100D+. Станува збор за погонска конфигурација со три електромотори, со вкупна моќност од 800 КС, којашто ќе се вградува во Model S, Model X и во идниот Roadster.

Излегува дека тимот од Tesla воопшто не беше дојден да поставува рекорди, туку само да го тестира новиот погон со 800 КС

Како што дознава магазинот, тимот на Tesla нема да се враќа на германската патека годинава. Возилата патуваат за САД, исто како и техничката опрема и преносниот полнач. Porsche во меѓувреме извозе 7:11 секунди со Panamera, како носител на проектот „Lion“, со мотор битурбо-V8 со 750 КС.

Со ненадејното заминување на тимот на калифорнискиот електро-специјалист, без објавување било какви резултати и времиња од тестирањето, всушност се покажува дека нивното доаѓање на Нирбургринг всушност немало за цел да се постави нов рекорд, туку само тестирање на новата погонска конфигурација со име Plaid.

https://www.instagram.com/p/B31Y5b3Az-t/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi_eclipse_cross_red_diamond

Прво беше бојата или колата: Mitsubishi Eclipse Cross и црвениот дијамант

BMW M2 CS

BMW M2 CS со уште еден степен на ракетно полнење