за ,

Tesla Model S победи на споредбен тест со досегот од 342 km

Магазинот auto motor und sport го споредуваше досегот на шест автомобили со погон на струја. На тестот очекувано победи Tesla, неочекувано е второто место на Е-Golf.

Германскиот магазин auto motor und sport тестираше колку километри минуваат електричните автомобили во споредливи услови на тестирање на динамометар, при температура од плус 23 и минус 7 степени Целсиузови. На динамометарот се симулираше возење во град, на автопат и по споредни патишта, со запирање и поаѓање, возење по нагорнина и надолнина. Најголем досег постигна Tesla Model S. Електричната лимузина со цена од 95.000 евра има и многу поголеми батерии од другите електромобили, на пример, нивниот капацитет е четирипати поголем во споредба со батериите на BMW i3.Tesla при температура од 23 степени помина 342 километри, а во зимски услови при -7 степени само 242 километри. Доколку Model S се вози по автопат со постојана брзина од 120 километри на час, потрошувачката на струја се зголемува драстично, па соодветно и досегот се смалува на 184 километри.

Пристоен досег со помал капацитет на батериите постигнаа Volkswagen E-Golf и BMW i3. Во споредба со Tеsla, обата модела располагаат со значително помал досег при возење на автопат и во зимо. BMW i3 вози 145 километри, односно десетина проценти помалку од фабричкаа декларација. Во зимо остануваат солидни 121 километар, на автопат 78 километри. Тоа е незначително подобро во споредба со E-Golf, кој постигна солидни вредности и покрај високата тежина од 1,5 тон. Таа се компензира со одличниот систем за рекуперација на Volkswagen. Вкупниот досег на електричниот Golf изнесува 141 километар, што е само 74 проценти од фабричката вредност. Во зима досегот изнесува 124 километри, а на автопат 88 километри.

Слаби резултати на тестот покажа E-Smart. Според магазинот, тој е динамичен во градски услови на возење, но досегот од 114 километри веќе ја ограничува автономијата. При побрзо темпо драстично се намалува досегот. На автопат E-Smart минува само 50 километри. При оваа брзина, градското мини троши струја исто колку Tesla.

Но, најпродаваниот електричен автомобил на светот, Nissan Leaf, кој досега има достигнато продажба од преку 100.000 примероци, докажува дека купувачите се задоволни и со помал досег. Nissan Leaf во нормални услови на возење минува 107 километри, во зима 75, а на автопат 71 километар.

Помал досег има единствено едноседот Renault Twizy, но од друга страна, тој е конципиран исклучиво за градски услови на возење и со цената од околу 9.000 евра е неспоредливо поевтин од сите други електромобили на тестот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault е главен спонзор на филмскиот фестивал во Венеција

Тест • Skoda Yeti 2.0 TDI 4×2 Adventure