145
19 shares, 145 points

Ова се златни времиња за сопствениците на спортската изведба на Tesla Model 3. За нив е скроен посебен пакет за тркачка патека, но вообичаено за калифорниската марка, во исто време доаѓа и освежен софтвер што оди во корист на спортското возење.

Сопствениците на Model 3 Performance, врвната изведба во гамата на моделот на Tesla од средната класа, можат да нарачаат монтажа на специјален пакет за спортско возење. Пакетот наречен Track Pack се состои од бандажи од 20 инчи и гуми Michelin Pilot Sport Cup 2 со димензија 245/35, како и од сопирачки облоги за спортски услови на возење и течност за сопирачки во системот, што е повеќе отпорна на високи температури. Цената изнесува 5.500 долари (околу 4.850 евра), а испораките до договорните центри за вградување на китот се очекува да стартуваат во април.

За оваа доплата ќе се реши само одреден круг купувачи, но затоа втората можност за поспортско возење им стои на располагање на сите сопственици на Model 3 Performance. Втората верзија на софтверот „Track Mode“ дозволува да се избере поголем дел од погонската сила да се распределува на задната оска, што секако оди во прилог на спортското возење. Покрај тоа, се прикажуваат и информации за температурата во погонската спрега и сопирачките, како и мерач на силата на забрзување.

Камерите што стандардно се вградуваат во Tesla Model 3 можат да го снимаат возењето по тркачка патека

Тие што практикуваат почести посети на тркачките патеки, можат да меморираат посебно дотерување на возилото за секоја патека. На располагање стои и автоматски мерач на време. Уште подобра е можноста камерите на Model 3 да се искористат за снимање на возењето. Тоа може да биде корисно за возачите кои сакаат да ја усовршат возачката техника – за други намени, исто така.

Освежениот софтвер Track Mode ќе го добијат сите изведби на Model 3, заедно со појасен и побогат приказ на сообраќајните информации на дисплејот. Корисно е тоа што на возачите ќе им се прикажуваат и достапните полначи од останатите мрежи, место само од Tesla.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *