за

Tesla Model 3 на тест на германскиот магазин Ауто Билд

фото: АутоБилд

Тестот на магазинот Ауто Билд го пренесуваме во целост.

 

Во некои ситуации нé ценат, нас што тестираме автомобили. Нема скараџиска забава или семеен собир, а пријателите и познајниците да не прашаат: „Да го купам ли? А, добар ли е?“ За Tesla Model 3, досега можевме само да слегнеме со рамениците. Што е тоа што ги очекува половината милион луѓе низ светот, кои на слепо платија 1.000 долари за лимузината, без да знаат што добиваат? Досега не се знаеше. АУТО БИЛД е првиот автомобилски магазин што го стави Model 3 на германски тест на автомобил. Без поштеда, како и секогаш. Без херојско возвишување, исто така. Критериумите се исти како кај секој друг автомобил. Business as usual?

Tesla Model 3 уште е апсолутна реткост по улиците

Не сосем. Кога Tesla пристигна качена на транспортер на нашата тест-патека, сите беа возбудени малку повеќе од обично. Сепак станува збор за автомобил што во Германија е поредок од секое Ferrari, Lamborghini или Bugatti. Преку големата бара имаат минато една шака примероци. Model 3 официјално ќе биде достапен дури кон крајот на 2018 година.

Tesla Model 3 fabricki fotografii 2

Фото: Tesla Inc.

Уште при отклучувањето се гледа каде Америте штеделе во споредба со Model S. Место клуч во форма на автомобилот се добива млитава магнетна карта. Оваа картичка мора да се допре на средишниот столб, за автомобилот да се отклучи. Тоа не изгледа особено квалитетно. Рачките во вратите исто така не излегуваат од ламарината толку елегантно како кај големите модели и повеќе потсеќаат на старата Fiat Barchetta. А, тоа беше трапаво уште на времето.

Изработката и квалитетот на материјалите се на ниво на BMW

Толку со критиките. Изненадува колку е редуцирана внатрешноста. Прекинувачи никаде на повидок, освен оние за прозорците и двете ротирачки контроли на воланот. Затоа, има добра изработка и материјали што се вообичаени во класата, иако во долниот дел од кокпитот се вградува тврда пластика што е чувствителна на гребење. Tesla не е полоша од тројката на BMW, при што и таа не се квалификува за првите места во квалитетот.

tesla model 3 vnatresnostФото: Tesla Inc.

Во поглед на ракувањето, нема потреба од паника. Секој што умее да ракува со iPad, ќе се снајде и во Model 3 klar. Логични менија, едноставна структура. Тоа е поразлично отколку кај класичните конкуренти, но не и полошо.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Податоци за возилото

Tesla

Модел

Model 3

Мотор

Синхрон мотор

Место на вградување

Назад

kW (КС)

192 (261)

Nm

430

Vmax

225 km/h

Пренос

Константен преносен однос

Погон

На задни тркала

Сопирачки напред / назад

Диск/диск

Гуми на тест возило

235/45 R 18 W

Тип на гуми

Michelin Primacy MXM4

Големина на бандажи

8,5 x 18″

СО2

Потрошувачка *

15 kW/h

Потрошувачка на тест

Спортско возење **

30,5 kW/h

Тест рута ***

16,1 kW/h

Штедливо возење ****

12,9 kW/h

Батерија

75 kWh

Бучава во минување

Багажник

Назад 340, напред 85 l

Должина / Ширина / Висина

4694 / 1933–2088 / 1440 mm

Основна цена

околу 46.700 евра

* град / пат / просек на 100 km (фабрика); ** 54 km автопат, од тоа 20 km под полна гас; *** просек на тест турата од 155 km на АУТО БИЛД; **** 101 km низ град и на пат под малку гас

[/tie_slide]

[tie_slide]

Мерни вредности

Tesla Model 3

Забрзување

0–50 km/h

2,5 s

0–100 km/h

5,5 s

0–130 km/h

8,7 s

0–160 km/h

13,2 s

0–200 km/h

23,5 s

Меѓузабрзување

60–100 km/h

2,5 s

80–120 km/h

3,4 s

Празно возило / Носивост

1758/422 kg

Распределба на тежина напред / назад

48/52 %

Круг на вртење лево / десно

11,8/12,1 m

Пат на сопирање

од 100 km/h, незагреани

41,3 m

од 100 km/h, загреани

42,3 m

Внатрешна бучава

при 50 km/h

58 dB(A)

при 100 km/h

66 dB(A)

при 130 km/h

69 dB(A)

Потрошувачка на тест

16,1 kW/h

Досег

460 km

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Tesla се покажува добра и на тест-патеката. Од 0-100 km/h изминуваат 5,5 секунди, дури и десетпати едно по друго. Притоа одушевува електро-ударот уште од првиот вртеж, иако Model 3 не гризе толку силно како поголемите модели на Tesla, а при влажен пат има проблеми и со тракцијата (погонот е само на задната оска!).

Tesla Model 3 fabricki fotografii 4

Фото: Tesla Inc.

Наспроти тоа, вредностите за сопирањето се разочарувачки. Поради вградените американски гуми за сите сезони од Michelin, Tesla уште со незагреани сопирачки лизга 41 метар, а со загреани соипирачки стануваат дури 43 метри. Конкуренцијата запира пет метри порано. Возните својства исто така трпат поради гумите. Во граничното подрачје, Model 3 лизга со предните тркала со солидно подуправување. Тоа е безопасно, но и неспортски.

Во управувањето на Model 3 има уште простор за подобрување

Тоа не се вклопува со управувањето. Има три режими на работа. Управувањето или работи тегаво (во комфорниот режим) или е премногу директно околу средишната положба (во спортскиот режим). Тоа внесува немир во автомобилот. Штета, затоа што Model 3 докажува дека Tesla напреднала во изминативе години.

Амортизацијата работи со сличен комфор и хармонично како кај Model S и X. Лимузината реагира стегнато на кусите нерамнини, но ги совладува суверено. Гласните звуци од подвозјето на големите модели на Tesla исто така се минато. Значи, сé е добро? Не баш сé.

Tesla Model 3 fabricki fotografii 1

Фото: Tesla Inc.

Разочарува просторната понуда на лимузината со должина од близу 4,7 метри. Напред има доволно простор во секој правец, но задната клупа е недоволна за патници повисоки од 1,8 метар. При техника шѓто одзема толку малку простор, тоа е премалку. Багажникот исто така е премал. Со 340 литри има место за еден куфер помалку отколку кај конкуренцијата. Покрај тоа, багажникот тешко се товари преку малечкиот отвор. Предната преграда со зафатнина од 85 литри е само мала утеха.

Tesla Model 3 fabricki fotografii 3

Фото: Tesla Inc.

Доаѓаме до цената. Моделот со продолжен досег, односно со досег од 460 километри, чини околу 46.700 евра. За препорачливиот премиум пакет за ентериер се потребни уште 4.500 евра. Тоа не е премногу, затоа што Tesla одушевува и претставува вистинска алтернатива. Од нас добива висока оцена 4+.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мак аутостар забава камиони

Забава со печат за квалитет од Mercedes и Мак Аутостар

mercedes hibridi

Без врева, а ги има 15 на број: Овие Мерцедеси возат со две срца