за

Tesla Model 3 не се произведувал рачно, шефот докажува со видео

Tesla Model 3

Во објавата на „Вол Стрит Журнал“ биле наведени невистинити информации, не е точно дека Tesla Model 3 се произведува рачно. Шефот на калифорнискиот производител денес ги демантираше гласините околу бавниот старт на Model 3. Доказот за тоа е видео објавено на Инстаграм.

Производителот на електрични автомобили Tesla ги демантира наводите на „Вол Стрит Журнал“ дека деловите за Tesla Model 3 се произведуваат рачно, место автоматски. Во објавата на реномираниот економски дневник биле наведени погрешни и збунувачки информации. Тоа е соопштението од компанијата коешто денес го пренесуваат повеќето американски медиуми, откако „Вол Стрит Журнал“ во минатата недела објави дека рачната изработка во главнината од производствените процеси е причина за промашувањето на планираната продукција на Tesla Model 3. Електричната лимузина со цена за основниот модел од 35.000 долари, место во планираните 1.500 примероци, се произведе во само 260 примероци.

Видеото на Инстаграм како доказ дека Tesla Model 3 се произведува во целосно автоматизиран процес

Шефот Илон Маск објави куса видео снимка на Инстаграм, од коешто треба да се заклучи дека производството се одвива целосно автоматски, со врвни роботи Kuka. Од компанијата реагираа дека „Вол Стрит Журнал“ повеќепати објавува неточни информации. Петкратното промашување на производствената цел за последниот квартал, честите одложувања на премиерите на возилата, вклучувајќи го и последното одложување на стартот на Tesla Semi, како и огромната неизвесност околу ветувањата и најавите од Tesla, сепак се факти.

https://www.instagram.com/p/BaAOokSgdCp/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тест на зимски гуми адак 2017

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Евтините марки подобри од скапите

тест на зимски гуми 195

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 195/65 R15 T