Вести

Астронаути ги исмеваат марсовските амбиции на Елон Маск

Јавноста не е особено одушевена од циркуските акробации на шефот на Tesla во вселената

Уште еден спектакл од Елон Маск, од когошто никој нема корист. Во вторникот од Флорида полета најмоќната вселенска ракета во историјата, натоварена со Tesla Roadster. Автомобилот ќе кружи милион години околу Марс. Дали шефот на Tesla веќе претера со амбициозните планови, одвлекувајќи го вниманието од многу посуштински проблеми?

За Вилијам Андерс, поранешен американски астронаут, смешни се плановите на шефот на Тesla за патување до Марс. Летањето дотаму е многу потешко отколку што наведуваат Елон Маск и Наса. Тој укажува дека најголемиот проблем при долготрајните летови во вселената е зрачењето. „Тие ќе бидат испржени на патувањето до Марс,“ кажува Андерс, кој во мисијата Аполо 8, пред половина век ја заобиколи Месечината. Долгиот период во безтежинска состојба исто така е сериозен проблем. „Луѓето што ќе слетаат на Марс, не ќе можат да одат“. Нивните мускули ќе бидат премногу ослабнати.

Земјата повикува, додека Tesla е на Марс: Стотици илјади идни сопственици не знаат кога ќе им пристигне нарачаниот електричен автомобил

Андерс натаму посочува дека „плановите на Маск ни го одвлекуваат вниманието од други работи.“ Во критиките до шефот на Tesla, кој воедно ја поседува и компанијата за вселенски летови Space X, астронаутот продолжува: „Наса не треба да си дозволи да ја хипнотизираат луѓе како Елон.“ Нови сателити наменети за комуникации, климатски истражувања и следење на климатските услови се поважни отколку трошење пари за мисијата на Елон Маск до Марс.

Компанијата Space X во почетокот на мината недела ја лансираше најмоќната вселенска ракета „Falcon Heavy“ од станицата Кејп Канаверал на Флорида. Заради привлекување на вниманието на јавноста, како специјален товар беше закачен сопствениот Tesla Roadster на Елон Маск. По негова желба, црвениот кабриолет во следните милион години ќе орбитира околу Црвената Планета.

Електричниот пикап пристигна, но не e од Tesla

Tesla Model 3 станува хроничен проблем на електро-специјалистот

Tesla Model X распаднат по тестирањето од Mercedes

Tesla губи 8000 долари во минута

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729