171
22 shares, 171 points

Полициска Tesla остана без батерија на автопат во Луксембург. Според законите, полицијата би требало да плати казна, затоа што возачот мора да се погрижи возилото да има доволна резерва од енергија пред вклучувањето на автопат. Но, нема казна за полицискиот службеник и постои законска основа за тоа.

Во случај возилото да остане без гориво на автопат, возачот мора да плати казна за тоа. Според сообраќајните закони во ЕУ, возачот мора да се погрижи возилото да има доволна резерва од гориво пред да се вклучи на автопат. Тоа се случи со едно полициско возило во Луксембург, но службениците нема да одговараат за тоа – нивното возило има електричен погон, тоа е Tesla Model S.

Полициското возило со речиси празна батерија било упатено на рутинско освежување на капацитетот на батеријата во сервисна работилница. Тоа е процедура во којашто батеријата се полни бавно и под ниска температура, што обично се врши на 20.000 километри. Меѓутоа возилото неочекувано запрело на пат до работилницата, токму на автопат. Вообичаено, запирањето на автопат се казнува.

Полицијата сепак ќе мине неказнето, не поради „природата на службата“, туку поради тоа што Луксембург во Законот за патен сообраќај пропишува дека казната важи само во случај доколку возилото остане без гориво од фосилно потекло. Во меѓувреме реагираше и Министерот за сообраќај, кој побара законот да се прошири и на останатите видови енергија.

Патниот компјутер во електричните возила предупредува долго пред целосното празнење на батеријата. Бидејќи овие возила по правило поседуваат и навигација, предупредувањето обично се случува навреме, за возачот да може со простанатата енегија да извози до најблискиот полнач за струја. Сервисите на автомобилските марки исто така реагираат ажурно во случај електричното возило да биде неподвижно поради испразнета батерија и испраќаат соодетна служба до местото.

Полначите на Tesla повторно бесплатни, но само за нови купувачи


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *