за

Tesla може првпат да продаде над 100.000 возила во еден квартал

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Tesla може до крајот на кварталот првпат да испорача повеќе од 100.000 возила. Тоа е воедно и неопходно, за да се исполни амбициозната цел на Илон Маск за годишна продажба на најмалку 360.000 возила.

Шефот на Tesla, Илон Маск, повторно предизвика голема раздвиженост на берзата, откако најави нов продажен рекорд за калифорниската марка електрични возила. „Имаме шанса првпат да постгигнеме 100.000 испораки во еден квартал,“ напиша Маск во писмото до своите вработени, коешто потоа го објавија неколку блогови блиски до Tesla.

Во циркуларното писмо, милијардерот пишува дека побарувачката е толку голема, што Tesla може да достигне и 110.000 нарачки. Главниот предизвик е автомобилите да се испорачаат колку е можно побрзо до нивните сопственици. За таа цел, Tesla ќе мора да ги ангажира сите можни капацитети до крајот на тромесечјето.

Берзата реагираше веднаш и акциите на калифорнискиот електро-специјалист пораснаа за повеќе од шест проценти. Толку голем раст на вредноста не се случил во последните шест месеци

Во вториот квартал, Tesla испорача 95.000 автомобили и тоа е актуелнот рекорд. Маск мора дополнително да ја зголемува продукцијата, за да го исполни планот за испорака на 360.000 до 400.000 возила. Тековниот и идниот квартал ќе мора да завршат со шестцифрена продукција.

Порастот во продажбата доаѓа од Tesla Model 3, кој релативно подостапен од Model S и Model X. Проблемот е во тоа што добивката кај автомобилите во средната класа е пониска. Поради тоа, компанијата забележа загуба во претходниот квартал.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија

Toyota домаќин на 30-от фестивал на олдтајмери во Јапонија

брисел ограничување брзина 30 kmh дисплеј

Во Брисел ќе се вози 30 km/h: Побрзо само на главните улици