Вести

Финансиските директори си заминуваат од Tesla

Елон Маск продолжува да го губи раководниот кадар од автомобилската компанија, финансиските експерти заминуваат непосредно пред објавувањето на резулатите за првиот квартал

Во рок од само неколку денови Tesla изгуби два директора од подрачјето на финансиското работење на компанијата. Тоа се случува во време кога калифорнискиот производител на електрични автомобили треба да ги соопшти бројките за продукцијата на Model 3 во првиот квартал од годинава.

Раководниот кадар си заминува од специјалистот за електрични автомобили од Калифорнија. Потпретседателката за финансии на Tesla, Сузан Репо, ја напуштила функцијата и компанијата, не соопштувајќи детали околу продолжетокот на својата работна кариера.

Во минатата недела Tesla загуби уште еден кадар од висок ранг. Главниот книговодител Ерик Брандериз ја напушти компанијата. Во февруари замина и Џон Мекнил, претседател за глобална продажба и услуги. Неговиот нов работодавец е Lyft. Кај производителот на автомобили од Силиконската Долина уште лани почна масовниот бран напуштања на компанијата од страна на раководителскиот кадар.

Спектакуларни најави за иднината и масивни проблеми во реалноста околу производството на Tesla Model 3

Покрај сите големи ветувања што шефот Елон Маск ги направи во последниве месеци, почнувајќи од електричен камион до суперспортски родстер со погон на струја, вклучувајќи го и спектаклот со лансирањето на Tesla Roadster во орбита кон Марс, компанијата и натаму има голем проблем со продукцијата на Model 3. Автомобилот што е двојно поевтин од постоечките модели на Tesla се произведува во драстично помал број од планираното.

Со нетрпение се очекува во април да биде објавена продукцијата на Tesla Model 3 за првиот квартал од годинава. Планот е до крајот на месецов да се достигне продукција од 2.500 возила неделно, за кон средината на годината, производството да се зголеми на 5.000 возила неделно.

Испораката на електричната лимузина од средната класа се оддолжува премногу. Повеќе од 400.000 идни сопственици чекаат да им се испорача Model 3. Во меѓувреме се оддолжува и стартот на испораките во Европа. Место кон крајот на годинава, роковите се поместуваат за 2019 година.

Рекордно тримесечје за Tesla: Загуба од половина милијарда долари

Tesla Model 3 станува хроничен проблем на електро-специјалистот

Следната година е решавачка за судбината на Tesla

Tesla губи 8000 долари во минута

Протераниот основач на Tesla го возвраќа ударот

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730