за

Германија сели мравјалници од плацот за фабриката на Tesla

Германија сели мравјалници од плацот за фабриката на Tesla
Германија сели мравјалници од плацот за фабриката на Tesla

На теренот кадешто ќе се гради идната фабрика на Tesla во близина на Берлин има неколку животински видови и инсекти за кои мора да се најде нов дом. Така проценија експертите при студијата за еколошката одржливост. Први ќе се селат мравките.

На градилиштето во близина на Берлин, на коешто ќе се подигнува идната фабрика на калифирнискиот производител на електрични автомобили Tesla, постојат неколку животински видови и инсекти на коишто мора да им се најде ново живеалиште. Меѓу нив се и шумските мравки. Ангажирани се специјализирани компании што ќе ја извршат преселбата.

Безброј шумски мравки денес ќе се „натоварат“ во бели буриња и ќе се пуштат во соседната шума. Претходно беа извршени неколку проби, коишто се покажаа како успешни во поглед на натамошниот непречен живот на мравките.

Мравките не се единствените живи видови на теренот. Таму живеат уште гуштери и лилјаци. На целиот простор остана само еден бор, кој ќе се сече во следните денови. Во шуплина во стеблото презимуваа три лилјаци, кои во меѓувреме го напуштија борот.

Во местото Гринхајде, во близина на Берлин, Tesla според првичните планови ќе започне да произведува електрични автомобили од идното лето. Годишниот капацитет е половина милион возила. Американците уште немаат добиено еколошко одобрение, но Tesla на сопствен ризик започна да го подготвува просторот, да не се губи време.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SsangYong Korando kriza

SsangYong чека пари од индиските газди, кризата може да означи крај

samsung, роботски автомобили

Кина првпат има повеќе пријави за патенти од САД