144
19 shares, 144 points

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla, наводно веќе ја избрал локацијата за новата фабрика во САД. Медиумите се повикуваат на информации од анонимни лица што се упатени во постапката. Според нив, шефот Илон Маск решил фабриката да се гради во градот Остин во Тексас или во близината, каде што има неколку неискористени плацеви.

Изворот открива дека веќе се направени и првите чекори околу подготовката за изградбата. Во новата фабрика во САД ќе се произведуваат Model Y за Источниот брег на САД и футуристичкиот пикап Cybertruck.

Економскиот магазин Forbes ја потврди веродостојнота на оваа вест. Остин важи како центар во којшто се лоцирани повеќе технолошки компании. Локацијата е привлечна за компаниите и од аспект на даночните олеснувања.

Tesla не сака да оддолжува: Целта на Илон Маск е новата фабрика да започне со производство на Model Y уште во текот на годинава

Во Тексас прво ќе се постави монтажна линија за новиот СУВ-модел врз база на Model 3. Во меѓувреме ќе гради остатокот од фабриката. Каросериите на Model Y во почетниот период ќе се испорачуваат од матичната фабрика на Tesla во Фремонт, Калифорнија.

Следната фаза ќе биде почеток на производство на пикапот Cybertruck, што би можело да се случи кон крајот на 2021 година. Во фабриката на Tesla во Шангај, Кина, близу една година се произведува Model 3 за локалниот пазар.

Tesla започна со производство на Model Y, испораките уште месецов

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *