108
17 shares, 108 points

Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla на денешното акционерско собрание ги претстави плановите за фабрика во Кина. На подолг рок се планирани најмалклу десет фабрики низ целиот свет

Tesla на денешното акционерско собрание ги претстави плановите за фабрика за електрични автомобили во Шангај. Директорот за продажба Робин Рен говореше дека во тој поглед е постигнат одличен напредок во преговорите со владата во Шангај. Наскоро ќе бидат објавени и поконкретни детали околу идната фабрика во Кина.

Според идејата на шефот Илон Маск, Tesla мора да има најмалку по една фабрика на секој континент на којшто се продаваат автомобилите од марката. До крајот на годинава ќе биде објавена и локацијата на фабриката на европска територија. Во подолг временски период се планирани десет до 12 фабрики на Tesla.

Шефот Илон Маск никогаш не прифати да ангажира локален партнер за производство како што налагаат законите во Кина

Локалното производство на автомобили е важно за успехот на Tesla во Кина, како најголем пазар за автомобили во светот. Автомобилите од домашна продукција се ослободени од царина, којашто претставува големо оптоварување за увозните автомобили. Посебно е важно и тоа што Кина вложува многу во развојот на електромобилноста.

Tesla веќе подолго време планира отворање фабрика за електрични автомобили во Кина, но сите досегашни обиди пропаднаа, затоа што услов за странска компанија да произведува во земјата е ангажирање локален партнер. Маск никогаш не го прифати тоа барање. Кинеската влада неодамна го укина условот.

Tesla моментно се соочува со проблеми во производството на Model 3. Лимузината од средната класа чини половина колку престижните Model S и Model X, и доколку Tesla ја достигне планираната продукција, тоа ќе остави силен печат врз глобалниот автомобилски пазар. Продукцијата засега изнесува 3.500 автомобили неделно, а планот беше таа уште пред завршетокот на минатата година да достигне 5.000 автомобили секоја недела. Оваа цел сега е поместена за крајот на месецов.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

108
17 shares, 108 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743