за

Почна производството на Tesla Model 3 во Кина

tesla фабрика шангај
tesla фабрика шангај

Снимка од дрон на гигафабриката во Шангај ги покажува првите 15 примероци од Tesla Model 3 паркирани во фабричкиот круг. Станува збор за автомобили од претсериско производство, работите се одвиваат мошне забрзано откако американската марка во минатиот месец доби дозвола од кинеските власти да стартува во земјата.

Како што шефот Илон Маск објави во минатиот месец при претставувањето на деловните резултати за работата на компанијата во третиот квартал од годинава, во фабриката за Tesla во Шангај, официјално именувана Гигафабрика 3, веќе се работи под полна пареа. Додека јавноста однадвор го следеше само напредувањето на градбата, паралелно се работеше на поставување на машинеријата.

Неверојатно брзиот старт, откако властите во Пекинг во средината на минатиот месец издадоа одобрение за американската компанија да гради во Кина, се должи на тоа што пресите за изработка на каросеријата, опремата за лакирницата и сложената монтажна линија се поставуваа практично веднаш со затворањето на основната градба.

Верувам дека во историјата не постои друга фабрика со толкав обем што била изградена во толку куса временска рамка, приближно за 10 месеци.

Илон Маск, Tesla Inc.

Во Гигафабриката 3 во Шангај ќе се произведува и СУВ-моделот Model Y, на база на Model 3. Маск најави и дека до крајот на годината ќе ја објави локацијата на фабриката што ќе се гради на територијата на Европа.

Кинезите покажуваат голема одушевеност за Tesla, што е исклучок за една странска компанија. Фановите на калифорниската марка постојано ја посетуваат Гигафабриката 3 и ја снабдуваат автомобилската сцена со актуелни вести оттаму.

Tesla стартува со производство во Кина веќе во октомври

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota-gr-supra-gt4

Toyota GR Supra GT4 подготвена за трки и за 175.000 евра

skoda superb phev polnac

Skoda е најпродавана европска марка во Израел