154
21 shares, 154 points

Кинеските власти дозволија Tesla веднаш да започне со производство на електрични автомобили во својата фабрика во Шангај. Неделно ќе се произведуваат по 1.000 примероци од Model 3, за почеток.

Американскиот производител Tesla доби дозвола да започне со производство на електрични автомобили во Кина. Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина ја впиша калифорниската компанија во списокот на производители на автомобили со одобрение од владата. Tesla доби сертификат што на производителот на електрични автомобили му дозволува да започне со производство во Кина.

Tesla веќе има изградено фабрика во Шангај во вредност од две милијарди долари, што беше прв производствен капацитет на компанијата надвор од САД. Производството на електрични автомобили на Tesla во Кина се очекува да стартува веќе во октомври.

tesla model 3 proizvodstvo

Планирано е до крајот на годината да се произведуваат најмалку по 1.000 примероци од Model 3 неделно. Локалната продукција секако дека ќе предизвика огромен раст во продажбата на Tesla во Кина, а воедно и избегнување на увозната царина за автомобили од САД. Неизвесност останува единствено околу работната сила, како и кругот добавувачи што ќе ја снабдува фабриката.

Илон Маск во меѓувреме се „одјави“ на неколку денови…


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
21 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *