147
22 shares, 147 points

Возачите на Tesla во САД добија софтверска верија 9.0 во своите електрични автомобили. Софтверскиот пакет доаѓа со низа нови и подобрени функции.

Tesla меѓу другото е позната и по тоа што го обновува софтверот во своите возила преку безжична врска. Сопствениците на автомобил од Tesla во Северна Америка штотуку ја добија софтверската верзија 9, односно софтверски пакет којшто вклучува изобилство нови или подобрени функции во возилото. Исто така е познато и дека голем (и најинтересен) дел од новите функции е „сокриен“.

Новитети има на пример во апликацијата на Tesla за поврзување со мобилен телефон. Со новата апликација е можно, одредиштето коешто претходно било барано на мобилниот телефон, да се префрли во навигацискиот систем во возилото. Покрај тоа, сите патници можат да го користат својот телефон и преку апликацијата на Tesla да го контролираат мултимедискиот систем во автомобилот. Од возачот зависи дали ќе остави оваа можност да биде достапна или не.

Автомобилите на Tesla произведени по август 2017 располагаат и со сиот неопходен хардвер

Сопствениците на автомобил од Tesla којшто е произведен по август 2017 и соодветно на тоа нивниот автомобил располага со „хардвер 2.5“, не мораат да купуваат камера за снимање на сообраќајот. Со новата софтверска верзија, камерата во носот на автомобилот може да функционира како камера за снимање на сообраќајот. Единствено е потребно во кокпитот да се вметне USB-стик со капацитет од најмалку 1,8 гигабајти. На стикот може да се чуваат снимки во времетраење до 10 минути.

Сите апликации отсега ќе може да се вклучат од дното на „лансирачот на апликации“, вклучувајќи три нови апликации. Една од нив овозможува подобро надгледување на потрошувачката на енергија. Tesla изврши и неколку измени во менито. Вклучувањето на грејачите во задните седишта, на обрачот на воланот и на грејачите во прскалките за ветробранот, отсега се врши преку преку заедничко подмени.

tesla model 3 vnatresnost

Во иднина ќе има уште низа опции, вклучувајќи проширување на можностите на „автопилотот“, меѓу другото со опцијата за негово активирање преку системот за навигација. Меѓу новитетите се приказ од 360 степени и оптимирано следење на мртвите агли. Системот повеќе не ги користи само податоците од ултразвучните сензори, туку и од камерите што се наоѓаат отстрана и одзади. Добри вести има и за љубителите на старите компјутерски игри. Кога Tesla ќе се остави во „P“, може да се играат стари игри на Атари, со контрола преку поле на допир или преку воланот. Тesla ја води оваа опција како „велигденско јајце“ и не открива како се активира функцијата.

Засега нема потврдено датум кога возилата на Tesla во Европа ќе го добијат новиот софтвер.

Електричните возила на најтивок, а најгласен собир во Скопје


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
22 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743