147
19 shares, 147 points

Снимката којашто ја прикажува исклучителната моќ на сајберпикапот на Tesla е меѓу најгледаните сцени деновиве. Ford F-150 нема шанси против електричниот пикап. Но, познавачите веднаш забележуваат многу пропусти што одат во корист на Cybertruck.

По снимката на којашто Tesla Cybertruck со леснотија го надвладува најпродаваниот пикап во САД во последните четири децении, Ford F-150, кој уште би одолеал да го купи електричниот пикап? Но, овој двобој со меѓусебно влечење за сајла не можеше да заврши различно. Прво, Cybertruck е тежок, многу тежок. Тоа повеќе решава околу исходот на двобојот, отколку моќноста на погонот. Поважна е тракцијата што гумите можат да ја пренесат на подлогата.

Решавачка големина е силата на триење меѓу гумите и асфалтот, којашто кај возила од ковот на F-150 или Cybertruck секогаш е пониска од максималниот вртежен момент на погонот. Тоа значи дека возилава имаат повеќе моќ под хаубата, отколку што можат да ја пренесат врз патот.

Огромната тежина на Tesla Cybertruck во овој случај се покажува како решавачка предност

За тракцијата решаваат неколку фактори, на пример гумите и подлогата. Најмногу влијае самата тежина што паѓа врз двете оски на пикапите. Тука е предност тоа што електричниот пикап има дополнителна тежина од гигантската батерија. Колку повеќе килограми, толку повеќе тракција.

На снимката се забележува уште еден трик. На возачот на Ford F-150, при поаѓањето му пролизгуваат задните тркала. Намерно е избрана верзија на пикапот на Ford со погон само назад, место верзија со погон на сите тркала. Со тоа се преполовува моќта што може да се пренесе врз патот. Дополнително, кога F-150 е празен, околу 40% од тежината на возилото паѓаат врз задната оска. Тоа уште повеќе го „ослабнува“ класичниот пикап во овој дуел.

Tesla е во предност и поради тоа што вози по угорнина

Друг трик е нагорнината. Многумина ќе поверуваат дека Ford е во предност, зашто влече надолу, додека Tesla мора да совлада угорнина. Но, се случува токму спротивното. Надолу уште повеќе се смалува тежината врз задната оска, соодветно на тоа и тракцијата се смалува. Затоа и искусните возачи не се влетуваат по удолнина, туку секогаш возат побавно.

Постојат уште многу трикови, кои снимката не може да ги прикаже. Tesla, на пример, може да вози со загреани, додека F-150 со нерзагреани гуми. Нивната димензија, заедно со притисокот, исто така влијаат.

Tesla ќе победеше и без триковите, вака само е постигната поголема драматика, за фановите да се одушеват повеќе. Околу резервациите за Tesla Cybetruck, калифорнискиот производител тврди дека има добиено повеќе од двесте илјади. Но, резервацијата чини 100 долари, а може и да се откаже во секој момент и парите да се повлечат назад.

Дизајнот на сајбер-пикапот ги урна акциите на Tesla за шест проценти


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *