151
20 shares, 151 points

Првата помисла на земја во којашто владејат пикапите обично се САД, но постои нација што има уште поголема слабост кон масивните, моќни и правливи автомобили, а тоа е Австралија.

Австралија е третиот наголем пазар за електричниот пикап на Илон Маск, за Tesla Cybertruck. По САД со 76,25% и Канада со нешто повеќе од 10 проценти, трета земја со најмногу резервации за Cybertruck е Австралија, со 3,2 проценти. Станува збор за неофицијални податоци, кои статистички се изведени врз основа на податоците од 1.800 возачки и возачи што го резервирале пикапот и членуваат во форумот Cybertruck Talk.

Австралијците досега имаат направено околу 16.500 резервации за Tesla Cybertruck. Доколку се реализираат сите овие резервации, тоа на калифорнискиот електро-специјалист би му донело дополнителен промет во висина од 1,5 милијарда долари.

Основната изведба на Tesla Cybertruck на американскиот пазар чини 39.900 долари

Цените за австралискиот пазар уште не се потврдени, но затоа веќе одамна се познати цените за Америка. Основната изведба на Cybertruck со еден електромотор и погон назад чини 39.900 американски долари (околу 35.800 евра), за верзијата со два електромотори и погон на сите тркала се потребни 49.900 долари (44.800 евра), додека топ-изведбата, со три електромотори, чини 69.900 долари (62.700 евра).


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *