153
20 shares, 153 points

Изгледот на Tesla Cybertruck предизвикува спротивставени ставови во јавноста. Како и многу пати досега, Илон Маск нема причина за загриженост, за електричниот пикап досега пристигнаа повеќе од половина милион резервации.

Преднарачките за Tesla Cybertruck надминаа половина милион примероци, откако електричниот пикап со радикален изглед беше претставен лани. Информацијата ја пласираа група идни сопственици на Cybertruck, кои стојат зад вебсајтот Cybertruckownersclub.com.

При претставувањето на сајбер-пикапот во минатиот ноември, автомобилог предизвика спротивставени реакции со крајно необичниот и смел дизајн. Речиси не постои медиум што не известуваше за новиот модел на калифорнискиот електро-специјалист, но не остана само на известување.

Кусо по премиерата се покажа дека светот масовно резервира примерок од Tesla Cybertruck пред почетокот на испораката. Американскиот производител наплатува 100 долари по резервација. Илон Маск објави дека компанијата добила повеќе од 250.000 резервации по само една недела од првото појавување на пикапот на струја пред светот.

Оттогаш нема официјални податоци како напредуваат нарачките за моделот. Според вебсајтот Cybertruckownersclub.com, којшто е поставен од група возачи што направиле резервација за Cybetruck и води список на нарачки, за електричниот пикап досега се пријавиле повеќе од половина милион лица.

Според списокот и статистиката што се води врз основа на податоците од него, само 17 проценти од резервациите се однесуваат на верзијата на Tesla Cybertruck со еден електромотор, чијашто цена изнесува 40.000 долари (околу 37.000 евра). Тоа значи дека повеќе од четири од секои пет нарачки важат за поскапите верзии, со два или три електромотори, чијашто цена стартува од 50.000 долари (околу 46.000 евра).

Tesla го најави почетокот на испораките на двете поскапи изведби на Cybertruck кон крајот на следната година. Тие располагаат со досег од 480 и 800 километри. Шефот Илон Маск најави и дека неговата компанија во исто време со стартот на испораките на камионетот ќе понуди електричен теренски квадрицикл, како опција за купувачите на пикапот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
20 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *