за

Tesla продаде 200.000 автомобили во САД

tesla model 3

Tesla го продаде својот 200.000-ти автомобил во Соединетите Држави. Тоа е значајно достигнување за Tesla и за електричниот погон. Но, тоа носи нов проблем. Субвенциите се преполовуваат

Конечно серија добри вести од калифорнискиот пионер на електричниот погон. По исполнувањето на ветувањето дека неделната продукција на Model 3 ќе достигне 5.000 примероци, сега паѓа уште една звучна граница. Tesla го произведе својот 200.000-ти автомобил за пазарот во САД. Но, тоа носи нов проблем.

Купувачите на електричен автомобил во САД добиваат субвенција во висина од 7.500 долари. Тоа важи додека производителот не достигне продукција од 200.000 автомобили. Tesla прва го достигна ова ограничување. Субвенцијата за електричната марка од Фремонт сега се преполовува. Во шестмесечниот период од 1-ви јануари до 1-ви јули 2019 година, субвенцијата ќе изнесува 3.750 долари. Во следните шест месеци, државната помош за електромобилноста повторно ќе се преполови, за по уште половина година целосно да се укине.

Од основањето во 2003 година, Tesla продаваше скапи лимузини и кросовери, но го постигнуваше тоа првенствено преку имиџот на своите модели. Субвенцијата веројатно одигра само мала улога. Државната помош ќе беше повеќе добредојдена за новиот Tesla Model 3, којшто чини половина од цената на големите Model S и Model X, односно 35.000 долари во основната изведба.

General Motors исто така е блиску до достигнувањето на лимитот од 200.000 „субвенционирани“ автомобили. Феноменот Tesla сепак е далеку над субвенциите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage Ecodynamic

Kia Sportage освежена и со хибриден погон

BMW M Performance Parts Concept

BMW е сам свој тјунер