за

Tesla ќе претвора француска нуклеарка во фабрика за автомобили

Француската министерка за енергија Сеголен Ројал му предложила на Илон Маск да ја претвори најстарата нуклеарна централа во земјата во фабрика за автомобили, по затворањето кон крајот на годинава.

Десет денови им стојат на располагање на менаџерите на Tesla Motors да решат околу предлогот од француската министерка за енергија Сеголен Ројал, најстарата нуклеарна централа во земјата по деактивирањето да продолжи да работи како фабрика за автомобили. Првиот човек во калифорниската фирма за електрични автомобили Илон Маск претходно изјави дека има планови да отвори фабрика за автомобили на европска територија, спомнувајќи го токму регионот на Алзас, кој се граничи со Германија.

Францускиот претседател Франсоа Оланд наиде на остри реакции од локалните политичари и работничките синдикати откако побара затворање на нуклеарниот реактор во Фесенхајм, во непосредна близина со границата со Германија и на 40 километри оддалеченост од швајцарската граница. Според Ројал, најголемиот проблем лежи во трансформацијата на централата и смета дека за негово решавање е најсоодветна трансформацијата во фабрика за електрични автомобили на Tesla. Во Фесенхајм се вработени околу 1.100 лица. Франција е голем подржувач на електричните автомобили и на купувачите им нуди бонус во висина до 10.000 евра, што меѓу другото овозможи земјата да биде водечка во електромобилноста на територијата на Европа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колбасите причина за полициска интервенција на акционерското собрание на Daimler

Mercedes со најдобра месечна продажба во историјата