за

Tesla ја продолжува гаранцијата на осум години

Американскиот специјалист за електрични автомобили сака да докаже дека електромоторите се поиздржливи од бензинските мотори. Гаранцијата отсега трае 8 години.

Илон Маск сака да докаже дека електромоторите се подобри од бензинските мотори и на интернет страницата на компанијата денес соопшти дека гаранцијата за најпопуларниот модел во семејството на Tesla, лимузината Model S, се продолжува на осум години. Продолжувањето на гаранцијата важи за сите модели со батерии од 85 киловатчасови, без ограничување на километражата. Калифорнискиот производител ќе ги покрие сите трошоци за поправка во овие осум години, коишто не се предизвикани при незгода.

„Ако навистина веруваме дека електромоторите се генерално поиздржливи од бензинските мотори, поради тоа што имаат помалку подвижни делови, масла и продукти од согорување, коишто се подложни на стареење, тогаш ќе го покажеме тоа со нашата продолжена гаранција,“ објави шефот Маск.

Фабричката гаранција за Tesla досега изнесуваше четири години и беше ограничена на 50.000 милји, односно 80.000 километри. Сопствениците на автомобил од марката Tesla досега можеа да доплатат 4.000 долари за продолжениот гаранциски пакет на осум години и 100.000 милји, односно 160.000 километри. Шефот на Tesla сам се критикува во објавата: „Гледано од денешен аспект, можевме да ја примениме оваа политика уште во стартот на програмата на Model S.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi во летно жнеење на награди

Brabus ја прикажа тјунираната верзија на класата C на Mercedes