за

Tesla пред Porsche на ранг листата на највредни марки

Вредноста на електроспецијалистот Tesla се зголеми драстично. Прворангирана на листата на највредни автомобилски марки и натаму е Toyota.

Toyota е највредна автомобилска марка на светот. Тоа го покажува студијата за 100-те највредни марки на светско ниво којашто ја спроведува институтот Милворд Браун. Јапонската марка ја одбрани својата водечка позиција од конкурентите Mercedes и BMW.

Најголемиот скок го направи специјалистот за електричен погон Tesla. Пазарната вредност на калифорнискиот производител се зголемила за 32 проценти. Tesla сега вреди 5,9 милијарди долари и од десеттото се искачи на осмото место на највредни автомобилски марки.

Tesla има исто толку силно влијание колку Facebook и Apple при нивното појавување

Вредноста на марката Toyota се намалила за три проценти, на 28,7 милијарди долари. Иако продажбата порасна значително, јапонскиот гигант се соочуваше со осцилации на вредноста на валутата, скапи инвестиции и пораст на трошоците. Ерата со масовните сервисни повици незначително ѝ наштети на марката.

Во дванаесетте години во коишто се составува ранг листата на Милворд Браун, Toyota дури десетпати била на врвот во својата категорија. Tesla ги престигна Land Rover и Porsche. Според креаторите на ранг листата, приказната на Tesla е интересна, затоа што тие не продаваат само автомобили, туку и ветувања за иднината. Единствено Apple и Facebook при нивното појавување извршиле толку силно влијание врз масовниот пазар. Land Rover изгуби една позиција, иако британската марка ја зголемила својата вредност за 17 проценти, на 5,5 милијарди долари. Овие марки сепак не се наоѓаат меѓу стоте највредни во светот.

Вака вредноста на десетте највисоко рангирани автомобилски марки се движеше во минатите десет години

BMW ја задржа втората позиција од ланското рангирање и покрај тоа што вредноста се намали за осум проценти, на 24,6 милијарди долари. Трет е Mercedes, со вредност од 23,5 милијарди долари или за четири проценти повеќе во споредба со лани. Меѓу стоте највредни марки на глобално ниво, од автомобилската бранша се вбројуваат единствено уште Ford, Honda и Nissan.

Првите пет места на ранг-листата на 100 највредни марки во светот им припаѓаат на Google (245,5 милијарди долари), Apple (234,6), Microsoft (143,2), Amazon (139,3) и Facebook (129,8). Само на нив отпаѓа една четвртина од вкупната вредност на стоте марки.

Позиција меѓу автомобилски производители

Позиција на ранг листата на 100-те највредни марки

Марка

Вредност (во милијарди долари)

Промена

1

30

Toyota

28,660

-3%

2

35

BMW

24,559

-8%

3

40

Mercedes-Benz

23,513

4%

4

83

Ford

13,065

0

5

91

Honda

12,163

-8%

6

100

Nissan

11,341

-1%

7

Audi

9,393

-1%

8

Tesla

5,876

32%

9

Land Rover

5,534

17%

10

Porsche

5,141

16%

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Долгоочекуваниот нов модел на TVR ќе биде претставен во Гудвуд

Над 4.000 нови електрични автомобили во Норвешка за еден месец