за ,

Tesla не сака да го продава Model X

Tesla Model X е следниот хит на специјалистот за електрични автомобили од Калифорнија. Светот го нарачува на невидено, интересот е голем, но шефот „одбива“ да го продава овој кросовер. Со причина.

Пионерот на електричниот погон, калифорниската фирма Tesla Motors е пребукиран со нарачки откако го најави моделот на кросовер, иако не постои датум кога ќе стартува испораката на моделот, ниту пак постојат какви било детали околу возилото. Интересот за Model X е толку голем што Tesla буквално се обидува да ги одврати заинтересираните купувачи и во замена им го нуди актуелниот Model S.

Шефот Илон Маск во едно интервју изјави дека и самиот е изненаден што купувачите на невидено и на нечуено го нарачуваат идниот кросовер: „Немаме автомобили на располагање за тест возење. Во нашите салони нема информации за Model X, затоа што го продаваме само Model S. Кога ќе влезе купувач што е заинтересиран за купување на Model X, ние се обудуваме да го убедиме да го купи Model S. Според тоа, ние му правиме антипродажба на автомобилот. Но, и покрај тоа, постои огромен интерес во целиот свет за нашиот Model X.“

Секако дека Маск не може да биде незадоволен од претпремиерниот успех на Model X. Причината што Tesla вложува напори да го намали интересот е во неочекувано долгиот период за чекање на испораката. Како што Илон Маск откри при неговата посета на Кина, купувачите на Tesla не се незадоволни со нивните автомобили, туку со долгите рокови за испорака. Од Model X веќе се нарачани 20.000 примероци и овој број ќе продолжи да расте рапидно како што се приближува почетокот на продажбата, новите купувачи би морале предолго да чекаат на испорака на нивните авотмобили. Покрај тоа, Model S е веќе докажан и безбеден, додека Model X штотуку ќе мора да се докажува во секојдневието.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Goodyear ќе произведува автомобилски гуми од отпадоци од ориз

Toyota C-HR: Кросовер како благороден камен