за

Tesla доби конкуренција од Кина: Youxia X e клон на Model S

Чекањето траеше долго, но светот конечно го доби и првиот обид на Кинезите да се спротивстават на луксузниот електромобил Tesla Model S. Како поинаку, освен со клон. Поевтин, секако.

Оваа кинеска креација се води под името Youxia X и во неделата беше претставена на спектакуларен настан во Шангај. Изгледот несомнено е инспириран од Tesla Model S, но инспирациите пристигале и од многу други места. Црвените диоди во предната маска, на пример, потсеќаат на автомобилот Kitt од легендарната серија Knight Rider. Производителот Youxia најавува примерни бројки за конкурентот на Model S. Електромоторот е со моќност од 348 КС и вртежен момент од 440 њутнметри, а досегот со полни батерии изнесува 460 километри. Стартот на производството е планиран за крајот на 2016 година, а испораките би следувале во почетокот на 2017 година.

Youxia е кинески превод на името на серијата „Knight Rider“

Името на компанијата е всушност кинески превод на името на некогаш популарната серија „Knight Rider“, со автомобилската ѕвезда „Kitt“ – и Давид Хаселхоф, во споредна улога покрај автомобилот. Како што наведуваат кинеските медиуми, Youxia X е дело на 28-годишниот Хаунг Шиујан, на кого што дизајнот на автомобилот му се појавил на сон во 2014 година. Младиот визионер потоа составил тим од 50 инженери и дизајнери, да работат на развојот на Youxia X.

На огромниот таблет во кокпитот може да се избира симулација на звукот на моторот на Ferrari или Jaguar
На огромниот таблет во кокпитот може да се избира симулација на звукот на моторот на Ferrari или Jaguar

Вклучувајќи ја државната субвенција од 90.000 јуани за еколошки автомобили, продажната цена на автомобилот би се движела меѓу 200.000 и 300.000 јуани, односно меѓу 32.000 и 48.000 долари, што е мошне прифатлива цена за електромобил. Според кинескиот производител, Youxia X со оваа цена ќе го стави во сенка идниот Tesla Model 3. Максималниот досег изнесува 460 километри со батерии со капацитет од 85 киловатчасови, полнењето на брз полнач би траело половина час. Youxia планира да понуди и поевтини верзии на моделот, со батерии од 40 и 60 kWh. Забрзувањето до сто трае 5,6 секунди.

Премиерно претставеното возило е всушност прототип, со недовршен ентериер. Во секој случај, производителот објави неколку фотографии за тоа како го замислува крајниот изглед на кокпитот. Веднаш се забележува огромниот таблет, поставен вертикално, којшто исто така е детал преземен од Model S, но го надминува калифорнискиот електромобил со дијаметарот од 17,3 инчи. Не треба да изненадува тоа што оперативниот систем што го користи таблетот се нарекува Kitt OS и базиран е на Android 5.0. Поврзувањето со преносни уреди со Android и iOS не е проблем, а системот дополнително нуди бежична интернет мрежа, телевизија и далечинска команда за ракување со одделни функции на возилото. Најимпресивен детал би требало да е можноста во ентериерот да се пуштаат звуци како возачот да се наоѓа во Ferrari 488 GTB, Ferrari Sergio, LaFerrari или Jaguar F-Type.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ја престигна Toyota во продажбата за првото полугодие

Renault лансира специјална серија од Megane R.S. 275