за

Tesla губи 8000 долари во минута

tesla губи 9000 долари во минута

Производителот на електрични автомобили од калифорнискиот Пало Алто губи 480.000 долари секој час. За една минута, тоа се 8000 долари помалку во касата на Tesla.

Податокот го соопшти познатата агенција Блумберг. Светските медиуми пишуваат наслови од типот „Tesla не гори бензин во своите електрични автомобили, но затоа ги гори парите на инвеститорите“. Експертите проценуваат дека резервите од кеш ќе се истрошат до 6-ти август 2018 година, доколку Tesla продолжи да ги губи парите со истото темпо.

Не е првпат шефот Илон Маск да се најде во тешка финансиска криза. Во 2008 година, трите неуспешни стартови на ракетата на SpaceX за малку ќе го уништеа милијардерот. На тоа претходеа одложувања на испораките на првиот Tesla Roadster. Техничарите долго време работеа на отстранувањето на суштинските пропусти во менувачот, квалитетот и во производството на електричниот автомобил. Потоа и вработените останаа без плати. Ситуацијата се подобри откако SpaceX испорача пратка до Меѓународната вселенска станица. За првпат, приватна компанија беше вклучена во таков подвиг.

Tesla со три модели троши по половина милијарда долари на секои три месеци, половина од тоа што му е потребно на General Motors кој годишно произведува над 10 милиони автомобили

Историјата се повторува. Купувачите чекаат на испорака на новиот Model 3. На секои три месеци се пуштаат по половина милијарда долари за продолжување на постоечките бизниси и за производството на новиот модел од 35.000 долари. Место 1.500 примероци, за три месеци се произведоа само 260 примероци, и тоа, за вработените во компанијата. Шефот сега ветува дека планираните 5.000 примероци за едно тримесечје ќе ги постигне в година. Половина милион клиенти што имаат уплатено за Tesla Model 3 ќе чекаат уште долго.

Tesla има проблем. Ексклузивноста ќе стане минато со идните автомобили со досег од 500 километри на Porsche, Daimler и Volkswagen. Кога BMW ќе ја понуди серијата 3 со батерии, тоа ќе биде само уште еден клинец во ковчегот на Tesla. General Motors, Hyundai, Kia и Nissan ќе ги диктираат цените на електричните автомобили и тоа ќе ја уништи Tesla. За една до две години, Tesla ќе биде само еден од многуте производители на електрични автомобили. Банкротот е неизбежен. Боб Луц, осумдесетгодишната легенда во автомобилската индустрија и своевремено прв човек во General Motors, за каналот MSNBC

Маск е способен секогаш кога ќе згусти да излезе со големи ветувања. Откако производството на Model S наиде на огромни проблеми во поглед на квалитетот во 2012 година, шефот излезе пред јавноста со најава дека ќе ја претвори Tesla во најпрофитабилен производител на автомобили во светот.

Додека Model 3 се произведува во апотекарски количини и вработените почнуваат да се жалат на условите на работа и на спречувањето на синдикално здружување, Илон Маск продолжува со тоа што не е далеку од лага. Како што објавивме претходно, во дизајнерскиот центар на Tesla неодамна беше претставен електричниот влекач.

Кој сака да резервира примерок од родстерот треба веднаш да уплати 250.000 долари, испорака можеби во 2020

За спектаклот да биде поубедлив, од полуприколката на Tesla Semi излезе спортски родстер, наследник на првиот Tesla Roadster. За лесноверните: Спортскиот автомобил е најавен како најдобар спринтер во светот. Стартуваа и нарачките за автомобилот што се цени на 250.000 долари, испораката би следела во 2020 година.

Историјата можеби се повторува, но светот повеќе не верува во ветувањата на Tesla. Сериозен притисок следи и од големите производители на автомобили, кои веќе од следната година го стартуваат бранот електрични модели. Калифорнискиот производител ќе добие силна конкуренција од новите модели на пазарот, за коишто е несомнено дека ќе бидат супериорни над моделите на Tesla. Станува збор за моќни конкуренти, коишто вложуваат масивни суми во развојот и производството, место да составуваат автомобили од тоа што може да се најде кај добавувачите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрични велосипеди студија bosch

За десет години секој втор велосипед ќе биде електричен

Lexus NX 300h (2018)

Lexus NX стартува во освежено моделско годиште на македонскиот пазар