за ,

Tesla и Panasonic ќе градат гигантска фабрика за батерии

Калифорнискиот специјалист за електрични автомобили Tesla Motors потврди дека партнер во изградбата на мегафабриката за батерии е Panasonic. Партнерството ќе ја намали цената на батериите за една третина.

Со изградбата на фабриката за автомобилски батерии со огромен производствен капацитет, Tesla и Panasonic преземаат важен чекор во натамошниот напедок на автомобилите со погон на струја. Фабриката ќе почне со работа во 2017 година и ќе произведува батериски модули и компоненти за растечката понуда на модели на Tesla, меѓу кои спортскиот теренец Tesla X, како и премиум моделот од средната класа со ознака Tesla 3.

Главната цел е преку огромниот капацитет на фабриката да се намалат трошоците за производство на литиум јонски батерии, што пак ќе повлече нивно вградување во поширока гама на модели и зголемување на самата продукција на Tesla. Се очекува цената на батериите да се намали за околу една третина. До крајот оваа декада, фабриката ќе достигне годишна продукција од околу 35 гигаватчасови батериски ќелии и 50 гигаватчасови батериски модули. Во исто време, продукцијата на автомобили на Tesla ќе се зголеми на половина милион.

Фабриката ќе вработува околу 6.500 лица откако ќе го достигне полниот капацитет во 2020 година. Tesla уште не прецизира каде ќе биде лоцирана фабриката, но ќе се избира меѓу пет локации во Тексас, Аризона, Ново Мексико и Невада. Решавачки фактор при изборот се климатските услови коишто ќе овозможат фабриката да се снабдува со енергија од ветрот и од сонцето. Оттаму батериите ќе се транспортираат до фабрикатана Tesla Motors во Фримонт, Калифорнија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Расте напнатоста во авто браншата: Наскоро мрежа од 48 волти

Новата класа Е на Mercedes доаѓа во 2016 година