116
79 shares, 116 points

Студиите за задоволството на сопствениците се меѓу најубедливите фактори при изборот на автомобил, покрај статистиките за дефекти. Според Consumer Report, електроспецијалистот Tesla ги има најзадоволните купувачи.

Кои возачи се најсреќни? Тие што ги возат најубавите или најбрзите автомобили? Или тоа сепак се возачите што поретко мораат да ја посетуваат сервисната работилница? Покрај статистиките за дефекти што редовно ги објавуваат осигурителните компании и автоклубовите, при изборот на идниот автомобил возачите често се ориентираат според студиите за задоволството на сопствениците на одредена марка или модел. Последната студија што ја спроведе познатиот клуб ADAC покажа дека најсреќни возачи има шведската марка Volvo, а дури потоа следат Audi и BMW.

Така е во Европа. Реномираниот Consumer Report сега објави студија којашто открива дека најзадоволни сопственици на автомобил во САД има електроспецијалистот Tesla. Според студијата, Tesla Model S има 98 од 100 можни бодови, потоа следи Corvette Stingray со 95 бодови, пред Porsche Cayman и Boxster со 91 бод. Очигледно е дека во татковината на пикапите и „економичните“ мотори со нормирана потрошувачка од 15 литри, автомобилите со хибриден или електричен погон, па дури и оние со дизел мотор, добиваат повисоки оцени отколку возилата со обичен бензински мотор. Во анкетата учествуваа 350.000 сопственици на автомобили стари меѓу една и три години.

„Tesla нуди многу простор и комфор, возњето причинува задоволство, а трошоците за одржување се ниски“, пишува во оцената на Consumer Report. Одложениот старт на кросоверот Model X, исто како и мистериозните случаи со пожари во возилата воопшто не му наштетија на имиџот на американскиот производител на електрични автомобили. Пријавени беа најмалку три случаи на палење на батериите при судир. Надлежните институции спроведоа истражување за овие случаи, но на крајот решија дека нема потреба од сервисен повик заради отстранување на евентуалните недостатоци во возилата на Tesla.

Consumer Reports резимира дека задоволството е релативно и помалку се поврзува со техничкото ниво или со луксузот, туку многу повеќе е поврзано со очекувањата на купувачите. Возачите на едноставните и евтини автомобили се сосема задоволни ако нивниот автомобил работи сигурно. Кај поскапите автомобили е поинаку. Нивните сопственици буквално збеснуваат и од најмалата грешка.


Like it? Share with your friends!

116
79 shares, 116 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730