за

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе

Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе
Богаташите во Техеран го избегнуваат метежот во амбулантно комбе

Иранскиот главен град Техеран се соочува со хроничен уличен метеж. Тие што можат да си ја дозволат цената, користат трик за избегнување на метежот – кој своевремено имаше и локална примена: Користење амбулантно комбе за личен превоз.

Приватно амбулантно комбе за избегнување на метежот по улиците. Голем број ирански богаташи го користат овој трик за побрзо да се пробијат низ застојот во главниот град Техеран. Информативната агенција Исна доби и официјална потврда за тоа од дирекцијата на приватната служба за итна помош во Иран.

Секако дека станува збор за илегална практика, затоа што приватните возила за итна помош смеат да ги користат сигнализацијата и правото на предимство единствено во случај на итна медицинска потреба. По тоа прашање Иран не се разликува од светот. Според агенциската објава, „услугата“ ја користат првенствено локални филмски ѕвезди, но и скапо платени приватни учители кои ги подготвуваат студентите за приемен испит на Универзитетите во земјата.

Државното обвинителство во Техеран ќе постапува засилено против илегалните возења и ќе ги спроведува постоечките правила. Но, проблем може да направи локалната полиција. Таа има „налог“ да не постапува по овие случаи и да не проверува дали амбулантното возило навистина се користи за итен случај или за приватен превоз.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електродистрибутер во Германија нарача 14.000 електромобили за вработените

Електродистрибутер во Германија нарача 14.000 електромобили за вработените

volkswagen ново лого, нов корпоративен идентитет

Volkswagen со женски глас и со ново лого, премиера во септември