176
23 shares, 176 points

Techrules повторно ќе ја импресионира публиката на салонот во Женева со својот хиперавтомобил, истовремено барајќи партнер што ќе го произведува возилото. Овојпат пристига Techrules Ren RS, наменет исклучиво за трки. Намерата на кинеските иноватори сепак е поширока примена на нивната „турбинска“ технологија.

Techrules ќе настапува на салонот во Женева со нова верзија на хиперавтомобилот Ren, со додавка RS. Кинеската компанија го привлече вниманието на ланското издание на салонот, претставувајќи го погонското решение во коешто систем од турбина и генератор ја полни батеријата за екстремно кусо време.

Techrules Ren RS е тркачка верзија на суперавтомобилот од лани, со неколку модификации во дизајнот што го носи потписот на Џуџаро. Подготовката на тркачката верзија е дело на италијанскиот специјалист Gianetti. Погонската спрега ја сочинуваат четири или шест електромотори. Во втората комбинација, со два електромотора напред и четири назад, Ren RS постигнува моќност од 1.305 КС. Спринтот до сто трае три секунди, крајната брзина е 330 km/h.

Погонска технологија слична како во концептниот Jaguar C-X75 обезбедува спектакуларни перформанси и потрошувачка на гориво под седум литри

Тоа што го издвојува кинескиот хиперавтомобил е тврдењето дека Techrules Ren RS може да извози 1.170 километри со само 80 литри дизел, што значи дека просечната потрошувачка би изнесувала 6,8 литри. Заслугата за оваа невообичаена штедливост е технологијата што Кинезите ја нарекуваат TREV. Во основа, станува збор за турбина, којашто го задвижува генераторот, за тој потоа да ја полни батеријата на возилото. Неколку патентирани технологии што уште се мистерија, за кусо време ја полнат батеријата со капацитет од 28 киловатчасови.

Techrules наведува дека има склучено партнерство со неколку компании, што ќе помогне во изградбата на развојните и производствените капацитети. Суперавтомобилот Ren би требало да стартува за две години, а се најавуваат и други модели и производи. Со центарот за развој во Пекинг раководи проф. др. Чинг Чуен Чан, кој според Techrules е познат светски експерт за електрични возила. Во центарот се работи на неколку типови на турбини наменети за погонската спрега на товарни и патнички возила.

Потпишана е спогодба за заедничко инвестирање со производителот на електрични автобуси Wuzhoulong Motors, со најголемиот светски производител на железничка опрема CRCC, како и со глобалниот лидер во развој на батерии Shenzhen BAK Technology. Преку овие соработки се отвора пазар за технологијата TREV на Techrules, меѓу другото во јавниот транспорт и доставата на стока.

Технологијата е „закон“ во овој суперавтомобил: Techrules Ren

Џуџаро пристига со електрична лимузина на салонот во Женева

Четири автомобили со над 1.000 коњски сили на салонот во Женева


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

176
23 shares, 176 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743