154
20 shares, 154 points

Кинеската компанија Techrules, којашто се бави со истражување и развој на нови техологии во подрачјето на автомобилизмот, стекна слава на светската сцена откако претстави автомобил, што користи турбина за производство на електрична енергија и напојување на погонските електромотори. Тоа беше славниот суперавтомобил Ren, а системот беше наречен TREV (Turbine-Recharging Electric Vehicle).

Компанијата најавува дека во јуни 2020 ќе започне со производство и продажба на турбина од 45 киловати. Турбината работи на гориво од обновливи извори и може да се користи и како независен генератор за струја, на пример, за напојување на системи за греење и ладење. Верзија со моќност од 15 киловати ќе следи в година, развиена посебно за вградување во патнички автомобили, со функција како таканаречен „range extender“, односно за напојување на електромоторот со струја, откако ќе се искористи досегот на возилото со полна батерија. Поголемата верзија од 45 kW, повеќе е наменета за товарни возила. Шоу-сензацијата Techrules Ren од салоните во Женева во 2017 и 2018 година, поседуваше турбина од 80 киловати.

Предноста на турбината е во комбинацијата од висока ефикасност и можноста за користење на горива од обновливи извори, како биогас, метанол или етанол. Плановите на Кинезите за старт со сопствена автомобилска марка остануваат, но засега активностите се посветени во производството на микро-турбини.

Турбините на Techrules може да се користат и за производство на струја за полначи за електрични автомобили

Идејата на Techrules воопшто не е толку лоша. Нивните турбини може да се користат за производство на струја за полначи за електрични автомобили. Тоа значи дека турбината може да се постави независно од електричната мрежа и да обезбеди полнење на батеријата на електричните автомобили буквално среде пустина.

Уште една примена на микро-турбините е како резервно напојување со струја, на пример, за големи спортски објекти или во какви било услови во коишто е неопходна дополнителна сигурност во напојувањето. Ефикасноста на турбините е повисока во споредба со дизел-генераторите, кои се користат масовно. Одржувањето исто така оди во прилог на турбините.

Системот на Techrules овозможува топлината од турбината може да се претвора во корисна топлинска енергија, во форма на пареа или жешка вода, со цел таа да се користи во комерцијални објекти, станбени подрачја, училишта или болници. Компанијата има посебно заштитен патент, кој фактички овозможува големосериско производство на турбините.

Производителот очекува пазарот за нивната техника со текот на времето да достигне 100.000 примероци годишно.

Светските лидери ќе се возат во електричен Audi во Давос


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
20 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *