за

Швајцарија ја доби првата пумпа за течен метан

течен метан швајцарија Лидл
течен метан швајцарија Лидл

Познатиот синџир супермаркети Lidl ги отвори првите пумпи за течен метан во Швајцарија. Следниот чекор е точење биометан. Целта е компанијата до 2030 година целосно да се ослободи од фосилни горива во логистиката.

Швајцарскиот огранок на Lidl, заедно со семејната компанија Krummen Kerzens, ги отвори првите две станици за точење течен метан (LNG, Liquid Natural Gas) во алпската земја. Чинот на отворањето, со свое присуство го почестија и неколку локални политичари. До 2030 година, компанијата планира целосно да се ослободи од користење фосилни горива за потребите на логистиката.

За разлика од соседните држави, кадешто подолго време се вложува во течниот метан и истиот се користи сé помасовно, Швајцарија досега не изгради мрежа од станици за точење на течниот метан. Предноста наспроти класичниот CNG, односно компримиран природен гас, е во тоа што со ладење на екстремно ниски температури се овозможуваат многу поголеми резервоари за гориво, а со тоа и досег. Тоа е суштинско во транспортната бранша.

https://www.instagram.com/p/BzQa8WMIG6w/

Транспортните партнери KMT, Krummen Kerzers и Thurtrans ќе точат течен метан во дел од своите возила за достава за потребите на Lidl. Инвеститор во пумпите е Krummen Kerzers. Станиците се изведени заради демонстрирање на примената на биометан, произведен независно од синџирот на фосилните горива.

Меѓутоа, користењето на биометанот сé уште е неисплатливо, поради високата цена на добивање на гасот. Додека се постигне исплатливост на биогасот, Lidl ќе користи течен метан во своите возила што се приспособени за истиот.

Преоѓањето на течен нафтен гас (LNG/LBG) ги постигнува следните предности во споредба со дизел:

  • Минус 15% CO2 (Минус 20% кај HPDI дизел мотори)
  • Минус 35% азотни оксиди
  • Минус 95% неразградливи честички (PM)
  • Минус 50% бучава (при бензински мотор)
  • До 1500 km досег

Предности на LBG:

  • Течен биогас добиен од отпад, независно од синџирот на фосилни горива
  • Минус 80% емисија на CO2 “Well to Wheel” во споредба со дизел (конзервативна пресметка)

Еден од трите неодамна набавени камиони со погон на LNG. Корисниците гласаа за имињата на трите камиони. Победија Жан, Гретел и Фридолин

https://www.instagram.com/p/Byhb1PwirOs/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ники Лауда, капи, Ред Бул Ринг, свијок

Австриската патека доби свијок именуван по Ники Лауда

Клима уред, совети за правилно користење во автомобилот

Топ 10 совети за правилно користење на клима-уредот