за

Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт

течен метан конзорциум, iveco

Конзорциум составен од Iveco, CNH Industrial Capital Europe, Shell, Disa, Scania и Nordsol, има цел да се зголеми бројот на камиони што користат LNG како погонско гориво на 2.000 возила, како и да се приспособат 39 станици за точење на течниот природен гас. Се гради и фабрика за био течен метан во Холандија

Станиците за гориво ќе сочинуваат паневропска мрежа и ќе бидат лоцирани во Белгија, Франција, Германија, Холандија, Полска и Шпанија. Растојанието меѓу станиците ќе изнесува околу 400 километри, по должината на главните патни коридори, од Шпанија до источна Полска.

Преоѓањето на течен метан е еден од најефективните начини да се исполнат барањата на ЕУ за намалување на емисијата на СО2 од тешкиот патен транспорт за 60% до 2030 година

камиони погон на метанПроектот има за цел да постигне придонес во зачувувањето на животната средина, на тој начин што отпадните материјали ќе се користат за производство на енергија. Во целиот енергетски синџир, може да се постигне дури и негативна емисија на GHG и на СО2. Средствата со коишто располага фондот ќе им овозможат на клиентите на Iveco да ги префрлат своите возни паркови на погон на LNG. Преправките на возилата чинат околу 30.000 евра, кои ќе бидат финансирани со средства од фондот.

 

Фабриката за био течен метан ќе произведува 3000 мегатони годишно, користејќи биогас добиен од органски отпад. Горивото ќе се дистрибуира во мрежата за LNG. Планот е во производството на LNG да биде вклучена целата територија на Европа.

Четири пумпи имаме, фали уште Skoda Citigo на метан

Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania

Камиони со погон на метан на проба во супермаркетите Aldi

Течен метан на пат да го замени дизелот во камионите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

полиција базел Tesla Model X

Tesla вози во служба на швајцарската полиција

mitsubishi outlander phev

Хибридниот Mitsubishi Outlander надмина 20.000 продажби во Европа