145
19 shares, 145 points

Герет Фини порано го осмислувал просторот за астронаутите во вселенските станици, а сега конструира приколки за кампување со врвна функционалност – за авантури далеку од асфалтот.

Големи се очекувањата, кога поранешен проектант на НАСА што го уредувал просторот за престој на астронаутите во вселенските станици, ќе почне да конструира приколки за кампување. Човекот се вика Гарет Фини и меѓу другото има работено на меѓународната вселенска станица ISS. По завршувањето на тамошната служба, тој ја основа Taxa Outdoors.

Има логично објаснување, зошто приколките на Taxa Outdoors се разликуваат драстично: Создадени се од поранешен проектакт на просторот за престој на астронаути во вселенските станици

Пристапот на Фини при конструирањето на теренските приколки е ист како за вселенските станици. Целта е да се постигне рамнотежа меѓу потребата од енергија и ресурси на вселенската станица и на екипажот. Овој принцип се применува и кај камперските приколки на овој американски архитект.

Приколките се одликуваат со исклучителна функционалност, па секаде има по некоја преграда и прстени за прицврстување, како во подморница, односно точно како во вселенска станица.

Американците сакаат и нивните возила за кампување да бидат колку е можно поголеми. Меѓутоа, камперите што се подолги од десет метри не смеат да ги напуштат автопатиштата и камповите. Затоа Фини се реши да работи на теренски приколки

Теренските приколки на Taxa се лесни и може да се влечат со миниван. Нивната втора предност е во тоа што димензиите одговараат за нормална гаража и не мора да се најмува простор за чување на приколката, кога таа не се користи.

Се внимавало и на одржливоста на животната средина. Во моделот наречен Mantis не се користи иверка, заради избегнување на штетниот формалдехид што таа го содржи. Место тоа, внатре се користи бреза.

Шестметарската приколка има преклоплив покрив, со што се постигнува добра висина за стоење. Место има за четири лица. Надворешната облога е од алуминиум и ги издржува оптоварувањата при влечење по терен.

Според сопственикот, приколките на Taxa се изработени да траат вечно. И цената одговара на тоа: 32.000 долари.

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *