за

Tata го полира имиџот на Land Rover со индиски модели во Женева

Tata-Motors-2019-GIMS-Geneva

Индиските газди на Jaguar и Land Rover изложуваат во Женева долги години наназад, уште пред да станат сопственици на британските марки. Но, автомобилите на Tata на салонот денес мора да бидат убедливи исто колку „европските“, во спротивно би трпел имиџот на JLR. Затоа е најдобро да се користи проверена техника – на самиот Land Rover

Автомобилите на Tata не се издвојуваат меѓу моделите од останатите марки на салонот во Женева и тоа е добро. Индијците имаат своевидна обврска да настапуваат со репрезентативни автомобили од својата матична марка пред европската и светската публика, зашто на тој начин најдобро го „оправдуваат“ сопствеништвото над Jaguar и Land Rover.

Автомобилите кои лани беа прикажани како концепти, годинава се веќе сериски модели

Во својот 21-ви настап на швајцарскиот салон, Tata прикажува четири модели, од кои повеќето ќе почнат да се продаваат на домашниот пазар веќе годинава. Лани на истото место, автомобилите уште беа во фаза на концептни возила.

Tata Altroz
New photo by Automedia MK / Google Photos

Tata Altroz е модел во класата на Fiesta и Polo, планиран да се појави во салоните во Индија во средината од годинава. Четириметаррската комбилимузина со храбри дизајнерски детали официјално се води како премиум модел на индискиот пазар и се разликува од понудите од Maruti & Co, кои првенствено привлекуваат со цената.

Уште е неизвесно дали под хаубата на Altroz веќе работи техника од Volkswagen, со когошто е потпишано партнерство

Гигантскиот производител од гигантскиот пазар, кадешто се очекува да се случи пазарен бум исто како во Кина, планира да изведе неколку различни каросериски изведби од Altroz. Во експонатот во Женева работи 1,2-литарски турбо бензинец со 105 КС и 140 Nm, но ќе се нуди и 1,5-литарски дизел. Засега само се шпекулира дека станува збор за мотор на Volkswagen, со кого пред две години беше потпишано партнерство.

Tata Altroz EV
New photo by Automedia MK / Google Photos

Вториот модел на штандот е Altroz EV, и точно така, тој има погон на струја. При користење брз полнач, 80-процентна наполнетост се постигнува за 60 минути. Со целосно полна батерија се постигнува досег меѓу 250 и 300 километри. Интересен дизајнерски детал е темната линија повлечена под фактичкиот долен раб на прозорците, кој постигнува впечаток дека површината под прозорците е многу поголема.

Tata Buzzard Sport
New photo by Automedia MK / Google Photos

Автомобилот што зборува најмногу за односите меѓу Tata и Jaguar Land Rover е компактниот СУВ со име Buzzard Sport за публиката во Швајцарија, односно со оригинално име Harrier на индискиот пазар. Како основа се користи платформата D8, којашто потекнува од актуелниот Land Rover Discovery Sport, а во основата потекнува уште од времето на Ford. Продажбата во Индија веќе стартуваше во јануари. Terrain Response, фамозниот контролен систем за погонската спрега на Land Rover е добар и за индискиот СУВ. Во примерокот од Женева работи дволитарски дизел.

Tata Buzzard
New photo by Automedia MK / Google Photos

Како врв во понудата од СУВ-модели е прикажан Buzzard, кој исто така користи платформа од актуелниот Land Rover Discovery Sport, со неколку луксузни детали во опремата и во изведувањето на внатрешноста.

Tata H2X
New photo by Automedia MK / Google Photos

Настапот на индискиот газда го комплетира концептот на СУВ-модел од класата на градските автомобили, со име H2X и со голема веројатност дека мошне скоро ќе се вклучи во понудата на домашиот пазар.

Jaguar и Land Rover не настапуваат на швајцарскиот салон годинава.

Koenigsegg Jesko е некрунисаниот крал на салонот во Женева

SsangYong тука мирува, но во Женева има нов Korando

Skoda владее на сцената на салонот во Женева

Renault Clio ќе биде најпродаваната премиера од Женева

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Koenigsegg Jesko premiera zeneva

Koenigsegg Jesko е некрунисаниот крал на салонот во Женева

Suzuki Jimny 1.5 GL Test AutomediaMK

Тест: Suzuki Jimny 1.5 GL