за

На што да се внимава при користење такси за време на кризата со корона

На што да се внимава при користење такси за време на кризата со корона
На што да се внимава при користење такси за време на кризата со корона

Доколку мора да се користи такси во време на кризата со вирусот корона, неколку едноставни правила на однесување можат да бидат од помош, за сопствена заштита и за заштита на луѓето околу.

Во време на пандемија на корона, целиот свет мирува во домашна изолација. Лицата со хронични заболувања или други потешкотии, кои не располагаат со автомобил, можно е да имаат потреба да користат такси токму во овие времиња. Неколку совети помагаат да се намали опасноста од инфицирање.

Социјалното дистанцирање е суштинско во целата борба против пандемијата на корона. Заради запирање на понатамошното ширење на новиот вирус корона, државите, градовите и општините преземаат драстични мерки. Доколку сепак мора да се повика такси возило, треба да се внимава на следните правила на однесување:

  • Држете растојание: Во такси возилото качете се од задната десна врата, за на тој начин да бидете колку е можно повеќе оддалечени од возачот.
  • Дополнителна заштита: Доколку поседувате заштитна или респираторна маска, носете ја за време на возењето. Секако дека и навлекувањето заштитни ракавици ќе биде од корист.
  • Молк: Во овие времиња е подобро човек да се воздржува од разговор. Најдобро е да молчите, заради сопствена заштита и заштита на возачот.
  • Хигиена на дланките: При првата можност темелно измијте ги дланките, доколку не користите нараквици.
  • Отвореност: Доколку диспечерот одбие да испрати возило да Ве превезе до болница или амбуланта, напоменете дека немате повишена температура и не постои сомневање за инфекција со вирусот корона, туку дека морате да посетите лекар поради висок притисок или друга конкретна причина.

Совети од Skoda за дезинфекција на автомобилот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ferrari-488-Pista

Топ 10 Автомобили со најмалку килограми по коњска сила

Porsche 911 ќе добие хибриден погон за новата топ-изведба

Porsche 911 ќе добие хибриден погон за новата топ-изведба