138
19 shares, 138 points

Првпат во светот се одбележува ден на користењето автогас како погонско гориво во возилата. Актуелните услови со загадувањето и настојувањето да се искористат сите начини за брзо надминување на истото, го прават автогасот повеќе важен од било кога досега.

Утре, на 27-ми септември, првпат се одбележува светскиот ден на автогасот. Тоа е јасен сигнал за светската сцена на мобилноста, за ова гориво што е значително подостапно од вообичаените течни горива, но уште поважно, значително е подобро во поглед на заштитата на животната средина.

Во рамките на 32-от Светски форум и европски конгрес за течниот нафтен гас, кој се одржува од 24-ти до 27-ми септември во Амстердам, претставници од највлијателните компании во експлоатацијата на течниот гас дискутираат околу шансите и предизвиците за ова популарно алтернативно гориво.

„Меѓународниот ден на автогасот со право го насочува вниманието кон придонесот што ова погонско гориво веќе го постигнува во смалувањето на штетната емисијата од подрачјето на сообраќајот,“ се наведува во соопштението од Светската асоцијација за автогас. Во исто време, критиките се насочени во правец на недоволната искористеност на предностите на автогасот во поглед на заштитата на климата.

Автогасот е најкористено и најмногу раширено алтернативно погонско гориво

Целта на одржувањето на денот на автогасот е да се укаже токму на неговите предности, во време кога целото внимание на сцената е насочено кон електричните возила. Во споредба со погонот на бензин, согорувањето на автогасот произведува 21% пониска емисија на СО2, односно 23% помалку од стакленичкиот гас во споредба со дизел мотор. Од Конгресот во Амстердам се очекува да испрати силна политичка порака до производителите на автомобили, да се развиваат повеќе модели што фабрички се приспособени да го користат чистото и достапно гориво.

Течниот гас (LPG) се состои од гасовите пропан и бутан, кои преоѓаат во течна состојба при релативно низок притисок.

Британија се враќа на автогасот заради почист воздух


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *