160
37 shares, 160 points

Почна одбројувањето до финалето на изборот за најдобар автомобил во светот за 2019 година. Познати се полуфиналистите во петте одделни категории на изборот, како и десетте автомобили кои ќе се натпреваруваат за престижната титула на светско ниво.

Жири од 86 влијателни автомобилски новинари од цел свет ги избра финалистите за изборот на светски автомобил на годината, преку тајнo гласање. Победникот ќе се избира меѓу следните 10 финалисти, кои беа селектирани од првичниот список со 40 кандидати:

  • Audi e-tron
  • BMW 3 Series
  • Ford Focus
  • Genesis G70
  • Hyundai Nexo
  • Jaguar I-PACE
  • Mercedes-Benz A-Class
  • Suzuki Jimny
  • Volvo S60/V60
  • Volvo XC40
New photo by Automedia MK / Google Photos

Победници ќе се избираат и во одделните категории, меѓу петте полуфиналисти во секоја категорија.

Полуфиналисти за најдобар градски автомобил во светот за 2019 година
  • Audi A1
  • Hyundai AH2 / Santro
  • Kia Soul
  • SEAT Arona
  • Suzuki Jimny
Полуфиналисти за најдобар луксузен автомобил во светот за 2019 година
  • Audi A7
  • Audi Q8
  • BMW серија 8
  • Mercedes-Benz CLS
  • Volkswagen Touareg
Полуфиналисти за најдобар спортски автомобил во светот за 2019 година
  • Aston Martin Vantage
  • BMW M2 Competition
  • Hyundai Veloster N
  • McLaren 720S
  • Mercedes-Benz AMG GT со 4 врати
Полуфиналисти за најдобар еколошки автомобил во светот за 2019 година
  • Audi e-tron
  • Honda Clarity Plug-In Hybrid
  • Hyundai Nexo
  • Jaguar I-Pace
  • Kia Niro EV

Посебни правила се применуваат во категоријата за најдобро дизајниран автомобил во светот, кадешто седуммина врвни експерти го составуваат списокот, врз основа на финалистите во останатите категории. Станува збор за врвни имиња на дизајнерската сцена, меѓу кои Патрик ле Квеман (поранешен дизајнер на Renault) или Гордон Мареј (врвен конструктор во Ф1 и татко на McLaren F1).

За титулата на најдобро дизајниран автомобил во светот за 2019 година се борат:
  • Citroen C5 Aircross
  • Jaguar E Pace
  • Jaguar I PACE
  • Suzuki Jimny
  • Volvo XC40

Изборот официјално се води како „Патот до светскиот автомобил“ и се одржува во соработка со салонот во Њујорк. Годинашниот избор започна во Париз на 19-ти септември, а финалето ќе се одржува на 17-ти април, како чин на отворање на салонот во Њујорк. Патот предвидува неколку регионални „меѓупаузи“. Првата беше во Лос Анџелес, кога 48 членови на жирито од 18 држави ги тестираа возилата во шестдневен период. Се тестираа и се гласаше за 38 автомобили достапни во регионот.

Следното запирање е на салонот во Женева, на 5-ти март, кога ќе бидат прогласени трите финалисти во одделните категории, заедно со светската личност на годината од автомобилскиот свет.

Кругот почнува одново на салонот во Лондон, во мај, кадешто ќе бидат најавени кандидатите за изборот за 2020 година и ќе се прославуваат победниците за годинава.

Титулата на светски автомобил на годината лани ја понесе Volvo XC60.

Suzuki Jimny во полуфинале за светски автомобил на годината

Kia e-Niro е автомобил на годината според британскиот What Car

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

160
37 shares, 160 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *