171
60 shares, 171 points

Норвешка и Данска први го презедоа чекорот, сега Шведска го следи примерот. По 2030 година, во скандинавската земја повеќе нема да се продаваат автомобили со погон на фосилни горива

Продажбата на автомобили со мотори што работат на бензин или дизел ќе биде забранета во Шведска по 2030 година. Тоа официјално го потврди стариот и нов премиер Стефан Левен, во владиното соошштение што неговиот нов кабинет го издаде денес.

Шведска го презема овој чекор со цел да ја намали емисијата на штетни материи кои потекнуваат од сообраќајот и влијаат врз климата и животната средина. Левен во собранието во Стокхолм изјави, дека земјата на тој начин се придржува кон целите на Париската Климатска Конвенција. Скандинавската земја, којашто отсекогаш покажувала особено развиена свест кон зачувувањето на животната средина, во следниот период ќе ја развива мрежата од полначи за струја и станици за точење алтернативни горива, со цел струјата и горивата од видот на биоетанол и слични, да бидат достапни на целата територија на земјата.

Шведска важи како предводник во климатските прашања во целиот скандинавски регион

На овој начин, Шведска го следи примерот од соседите, во потиснувањето на возилата со погон на бензин или дизел. Во Норвешка нема да се продаваат возила со мотори на фосилни горива по 2025 година. Тоа сигурно нема посебно да ги погоди Норвежаните, чијшто возен парк уште денес се состои од возила со погон на струја. Данска, пак, ќе ја забрани продажбата на возила со дизел мотор по 2030 година. Шведска важи како предводник во климатските прашата во Скандинавија.

Осум европски земји досега имаат одредено датум до којшто ќе дозволуваат регистрирање возила со мотори што користат фосилни горива. По трите скандинавски земји, тоа се уште Холандија, Велика Британија, Ирска, Франција и Исланд.

Германските статистики за загадувањето од возилата никого не мамат

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Коментар: Кој тоа профитира од загадениот воздух?

Најголемата загаденост со издувни гасови е во кабината на автомобилот

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
60 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format